НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

123Мобилност Македонија на 28-29.10.2020 година учествува на 14-та Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидност, која годинава заради пандемијата од КОВИД-19 се одржува комбинирано и со физичко присуство (од домашните улесници) и преку Зум конференција (со учесници - предавачи од други држави).
Мобилност Македонија денес, преку обраќањето на претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски, во 15:40 часот ја презентираше темата „Спортска рекреација на лицата со инвалидност - потреба и бенефити“, актуелна тема особено во деновите кога заради заштита од ширење на корона вирусот државите усвојуваат мноштво на рестриктивни мерки кои го ограничуваат движењето и го ставаат човекот во пасивна улога и целосна хипокинеза.
Голема благодарност до координаторот на конференцијата, Енес Алибеговиќ и претседателот на Координативниот одбор на Кантоналните здруженија и сојузи на лица со инвалидност на Унско-Санскиот кантон, Јусмир Алибабиќ, како и на целиот тим задолжен за организацијата на овој настан, за вложените огромни напори да изнајдат начин конференцијата да го продолжи својот континуитет и во вакви, тешки услови на работење.
Повеќе...
01На 25.10.2020 година во Охрид, на стрелиштето „Бејбунар“, се одржа натпревар во стрелаштво во рамките на Републичките спортски игри на лица со телесен инвалидитет за 2020 година, a во организација на Мобилност Македонија во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика во рамките на Програмата на сојузот за 2020 година.
На натпреварот учествуваа најдобрите 13 натпреварувачи-стрелци, поделени во две спортски дисциплини, воздушен пиштол меѓународна програма и воздушна серијска пушка. Судии на натпреварот беа Валентина Гоџовка и Бранимир Јовановски, а задолжен за организација на натпреварувањето и спроведување на протоколот за заштита од ширење на КОВИД-19 беше Драган Дојчиноски.
Спортскиот натпревар помина во исклучително фер и спортска атмосфера, а беа постигнати следните резултати:
Повеќе...
zaevНационалниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, се обраТти до Владата на Република Северна Македонија со барање во четвртиот пакет на економски мерки, во делот на доделување на платежни картички со износ од 6.000,00 денари на граѓаните, поред наведените лица во пакет мерката, да бидат вклучени и лицата со инвалидност приматели на:
- постојана парична помош
- посебен додаток и
- социјална помош.
Овие лица со инвалидност припаѓаат на групата социјално-ранлива категорија, со минимални или без примања, сериозни телесни оштетувања и зголемени трошоци за живот заради набавка на лекарства и плаќање на други социјални услуги.
Инаку, лицата со телесен инвалидитет кои се социјално загрозени, вработени со ниски месечни плати, студенти, кои се пензионери или пак се водат како пасивни невработени лица веќе се опфатени со понудените мерки.
07На 06.10.2020 година, во големата сала на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, со почеток во 11 часот со присуство на триесетина претставници на здружените членки на Мобилност Македонија, како и други поканети гости, беше пригодно одбележан 6 Октомври - Светскиот ден на лицата со церебрална парализа.
На настанот, во протоколарниот дел, поред претседателот на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, говореа и поканетите гости: Енвер Хусејин, заменик министер за труд и социјална политика, Милан Живковиќ, советник на премиерот за труд и социјална политика, Даниела Стојановска Џинговска, советник на директорот за ортопедски помагала, Горан Чаловски, директор на Центарот за ортотика и протетика Славеј, и претставникот на лицата со церебрална парализа, Горан Стојчески. На настанот присуствуваше и потпретседателот на комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, Фатон Мемети.
Повеќе...
1Мобилност Македонија, во соорганизација со Параолимпискиот Комитет на Северна Македонија, на 28.09.2020 година, во хотел „Романтик“ – на езерото „Младост“ во Велес, го одржа 32-рото Државно првенство во шах.
Почитувајќи ги протоколите за одржување на шаховски натпревари во услови на пандемија, Мобилност Македонија успешно ја реализираше оваа активност предвидена во Програмата за работа за 2020 година, а поддржана од МТСП. Согласно протоколите, оваа година наместо вообичаениот број на учесници – шахисти, учество на првенството земаа 11 најдобро пласирани шахисти од минатата година.
Првенството се играше по Швајцарски систем – викенд правила на ФИДЕ со темпо на игра 30 минути по играч. Судии на првенството беа Тони Пајдаков и Драган Дојчиноски.
Во дисциплинирана и фер игра, според сите протоколи за заштита од Ковид 19, беа постигнати следните резултати:
Повеќе...