НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

7Струга, 01-02.06.2019

Во организација на Мобилност Македонија и Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија - Македонски параолимписки комитет се одржа Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет во хотел „Галеб“ - Струга на 01 и 02 јуни 2019 година. 
31-ви пат своите шаховски вештини ги соочија 22 шахисти од здружените членки на Мобилност Македонија.
Првенството се играше во седум кола, швајцарски систем (викенд правила на ФИДЕ), со темпо на игра - 30 минути по играч.
Првото место го освои Тоде Зафировски од Мобилност - Тетово, второто Јанчо Ѓорѓевски од Мобилност - Куманово и третото место Неби Адем од Мобилност- Скопје.
Судија на првенството беше Тони Пајдаков.

Повеќе: 31-во Државно првенство во шах на Мобилност Македонија

3„Пристапна Битола, пристапна Македонија“ беше мотото и темата на годинашното, традиционално дефиле на Широк Сокак, кое „Мобилност Битола“ успешно го организира секоја година. После долгите подготовки со мали пречки, замисленото сценарио на оваа значајна манифестација беше остварено и реализирано на 30 јуни 2019. Придружувајќи се на кампањата за пристапност што ја води „Мобилност Македонија“, нашето здружение со своите ресурси и помагатели презема чекори за што поголема успешност на оваа значајна ставка во статутарните и програмски цели.

Повеќе: Традиционално дефиле и работилница на „Мобилност Битола“ – „Пристапна Битола, пристапна Македонија“

17Интернационалната федерација на Мултиплекс Склероза(МС) - основана 2009 година, оваа година по десетти пат го одбележува Светскиот ден на МС и ја спроведува кампањата за неа. МС кампањата за 2019 година, се дефинира под слоганот “МОЈАТА НЕВИДЛИВА МС” и се однесува на подигнување на јавната свест за невидливите симптоми на МС и фаталното влијание на тие симптоми врз квалитетот на животот на лицата со МС.Преку оваа кампања и одбележување на денот, лицата со МС ќе можат гласно да проговорат за своите потешкотии со невидливите мс симптоми, односно ќе имаат можност подобро да ја информираат јавноста за нив, а за возврат таа ќе може да пружи соодветна поддршка.

Повеќе: СВЕТСКИ ДЕН НА МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

jsplogoВе информираме дека ЈСП Скопје како општествено одговорно претпријатие одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче придружник и да им дозволи непречено користење на нашите услуги, односно да дозволи влез на кучињата придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата. 

Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности. 

Повеќе: СЛОБОДЕН ПРИСТАП НА КУЧИЊАТА ПРИДРУЖНИЦИ НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ВОЗИЛАТА НА ЈСП И НА...

5Одбележување на деновите на Параплегија и Дистрофија!

Параплегија под слоганот " НЕ Е СИЛАТА ВО ЧЕКОРЕЊЕТО ТУКУ ВО ИЗДРЖЛИВОСТА " , и 
Дистрофија под слоганот "ЈАС ГИ САКАМ ЛИЦАТА СО ДИСТРОФИЈА ".
На 25 мај, со собир во 11 часоот, пред платото на порта Македонија, со дефиле по улица 11 Октомри се до ДХО Даре Џамбаз, огранокот на Параплегија и Дистрофија при Мобилност Скопје а со поддршка на Мобилност Македонија, ги одбележаа деновите на Параплегија и Дистрофија.

Повеќе: Одбележување на деновите на Параплегија и Дистрофија!