НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

Автор: Мајк Џемпсон

Со дополнителен материјал од: Анита Бенет, Лиз Кроу, Пем Данкан-Гленси, Еленор Лисни, Владо Крстовски и Националното здружение на новинари(Обединето Кралство и Ирска)
Дизајн:Милош Петров
Превод од англиски јазик: Мартина Кимовска

Оваа публикација е изработена од Институтот за медиуми и различности (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ), како дел од проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што е финансиран од Европската Унија.

Повеќе: ПРИРАЧНИК ПОПРЕЧЕНОСТ НА ВИДЕЛИНА

1На 12.12.2018 година, во ресторан „Грација“ во Куманово, во организација на Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на Куманово, Кратово и Крива Паланка-Мобилност Куманово, а со финансиска поддршка од Мобилност Македонија, се одржа тематска работилница на тема: „Почит и обврска на локалната самоуправа кон човековите права на жителите на градот кои се соочуваат со пречки во мобилноста ПРИСТАПНО КУМАНОВО - ПРИСТАПНА МАКЕДОНИЈА“

Во рамките на манифестацијата беше одбележан 4 Декември-Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.

На работилницата присуствуваа 140 членови од здруженијата членки на Мобилност Македонија, а посебен белег на настанот му дадоа градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, градоначалникот на општина Кратово, д-р Љупчо Бојаџиев, советниците на Претседателот на Владата на РМ, Спасе Додевски и Сандра Поповска, претставници на секторите за урбанизам од повеќе општини, претседатели на национални инвалидски организации, претставници на институции и подрачни единици на фондовите, претставници на ортопедски куќи и други гости.

Повеќе: ВО КУМАНОВО ОДРЖАНА ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА „ПРИСТАПНО КУМАНОВО-ПРИСТАПНА МАКЕДОНИЈА“

7Децата со попреченост кои се од Велес ќе имаат можност да поминуваат дел од своето слободно време на инклузивното детското игралиште во населба Тунел кое денес на 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, го отвори градоначалникот Коцевски.

Ротационо катче, дупла лулашка, комбинирана клацкалка за деца со посебни потреби и др. се дел од содржините кои ќе ги користат намладите велешани.

Ова е тринаесетто игралиште од овој тип во Македонија со средства кои ги обезбедува Министерството за труд и социјална политика и општините. Проектот се реализира во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија.

Повеќе: Инклузивното детското игралиште во Велес

1Центарот за ортотика и протетика Славеј АД Скопје, по повод 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност и 4-ти Декември - Денот на лицата со телесен инвалидитет на Република Македонија, за членови на Мобилност Македонија донира 10 теренски инвалидски колички на рачен погон.

Мобилност Македонија, во името на своите членови, изразува голема благодарност до ЦОП Славеј за хуманиот гест и пружена рака на поддршка.

Повеќе: ДОНАЦИЈА ОД ЦОП СЛАВЕЈ АД СКОПЈЕ

1Мобилност Македонија оствари средба со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во врска со Предлог-Законот за социјална заштита. На работнта средба присуствуваа претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева и членот Елизабета Тодоровска. 

Поред министерката Царовска, претставници на МТСП на средбата беа Душан Томшиќ и Вангел Тркаљанов, советници во кабинетот на министерката, правникот Софија Спасовска и раководителот на Програмата за рефундирање на средства за царина, акцизи и ДДВ за набавка на патничко моторно возило, Дејан Ивковски.

Повеќе: РАБОТЕН СОСТАНОК СО МИНИСТЕРКАТА МИЛА ЦАРОВСКА