На 30-31.03.2019 година, во Конгресниот Центар во Охрид се одржа шаховски двомеч помеѓу репрезентациите на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија- Мобилност Македонија и Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија.
Победи репрезентацијата на Мобилност Македонија со резултат 6,5 : 3,5 поени.
Натпреварот се играше двокружно, со темпо по играч од 1 час, на 5 шаховски табли. Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков, а составот на екипите беше следниот:
На 25.03.2019 година во кабинетот на министерот за здравство, д-р Венко Филипче, се одржа работна средба во врска со нашите активности за донесување на нов Правилник за индикциите за остварување на правото на ортопедски и други помагала, Листа на ортопедски помагала и друга пропратна документација, со кои ќе се воведат пофункционални, потрајни, поцврсти, посигурни, пософистицирани ортопедски помагала и компоненти за нивна изработка, а се со цел да се подобри личната мобилност, статиката, подвижноста и независното живеење на лицата со телесен инвалдитет, при што се подобрува и можноста за нивна непречена социјална инклузија и целосна интеграција во општеството, како и на измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување, Законот за здравствена заштита и подзаконските акти со кои ќе се обезбеди подобра здравствена заштита за лицата со инвалидност во нашата држава.
Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, д-р ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И ДИРЕКТОРИТЕ НА ФЗОМ, ДЕН ДОНЧЕВ И...На 25.03.2019 година во ДХО „Даре Џамбаз“ Мобилност Македонија, во соработка со огранокот за церебрална парализа од Мобилност Скопје, одржа тематска работилница за подигање на јавната свест за потребите на лицата со церебрална парализа, во рамките на меѓународните активности во месец март за ова група на граѓани кои овој месец го имаат промовирано како месец за подигање на свеста за лицата со церебрална парализа.
Повеќе: АКТИВНОСТ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ЦЕРЕБРАЛНАТА ПАРАЛИЗАВо рамките на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, кој што заедно го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ)-финансиран од Европската Унија,во деновите 15 и 16 март 2019 година, во хотел Континентал, Скопје,се одржа работилница на тема “ Градење коалиции меѓу медиумите и граѓанските организации “.
Повеќе: Учество на Мобилност Македонија во работилницата “Градење коалиции меѓу медиумите и граѓанските...Во студиото на 24 Отворено со Бранимир Јовановски од Мобилност Македонија, Снежана Караџовска, Елена Кочоска од „Полио Плус“ и Ѓорѓи Станишевски од Центарот за ортотика и протетика, „Славеј“.
Во линкот подолу е прикачен видео запис од целата емисија.
Повеќе: ДЕБАТНА ЕМИСИЈА НА ТВ 24, ЕМИСИЈАТА ОРВОРЕНО СО НАСЛОВ „Како да им се помогне на луѓето со...