НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1На Интернационалното првенство на Хановер 2019 година во стрелаштво учествуваат спортисти од 31 дрзава, меѓу кои и од 6 држави вон Европа (САД, Канада, Австралија, Кореја, Бразил, Индија).

Нашата репрезентативка и најдобра спортистка, Оливера Наковска-Бикова, денес во дисциплината Спорт пиштол на 25 метри го освои второто место и сребрениот медал.

Повеќе: СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА ОЛИВЕРА НАКОВСКА-БИКОВА ВО ДИСЦИПЛИНАТА СПОРТ ПИШТОЛ НА 25М ВО ХАНОВЕР БРОНЗЕН...

1Мобилност Штип ,на ден 14.04.2019 година(недела),во просториите на Канал 77 одржа тематска работилница на тема ,,Остеоартритис-причини,манифестации,тртмани и превенција,,.Излагач на темата беше др.Мирјана Рунчева ортопед специјалист.

Во работата на работилницата свое учество зедоа членови од скоро сите здруженија од Републиката и членови на Мобилност Штип.

Голем доприност во работата дадоа и др.ДаницаФичорска,др.Ленче Николова и др.Нико Јанков.

На поставените прашања од присутните, докторите дадоа одговори со свои видувања.Прашањата на присутните беа од темата на излагањето,но и надвор од неа а присутните беа задоволни од дадените одговори.

Повеќе: ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА ВО ШТИП

2На 18 мај 2019 година, во организација на „Мобилност Гевгелија“ беше успешно одржана работилница на тема кинезитерапија во домашни услови при повреда на ’рбетен столб со трајни последици. „Мобилност Битола“ беше претставена со екипа од четири члена, кои активно учествуваа на настанот. Излагач на темата беше физиотерапевтот Иван Кајтазов, кој исцрпно ја посочи неопходноста од кинезитерапијата кај ваквите состојби.

Работилницата се одржа во Негорски бањи и беше поддржана од „Мобилност Македонија“, а за време на настанот беше искористено присуството на градоначалникот на Гевгелија, г-н Сашко Поцков, за да се промовира кампањата за пристапност која ја води „Мобилност Македонија“ со здружените членки.

Повеќе: „Мобилност Битола“ на работилница во Гевгелија

1На 07.04.2019 година во во НУ Дом на културата „Бели мугри“ (мала сала ) во Кочани, со почеток во 12 часот во присуство на голем број на членови од здружението, Мобилност Кочани ја одржа првата од четирите најавени тематски работилници во рамките на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Повеќе: ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА: „Запознај ја Конвенцијата- силен ветер во грб за лицата со попреченост“

mtspЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО ТЕШКА И НАЈТЕШКА ТЕЛЕСНА ИНВАЛИДНОСТ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2019 ГОДИНА

Министерството за труд и социјална политика согласно Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2019 година (Службен весник на Република Македонија бр.246/18) објавува јавен повик за поднесување на барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил. 
Барањето може да се поднесе од страна на лицето со инвалидност, негов родител или старател најдоцна до 30 септември 2019 година.
Барањето со потребната документација се поднесува преку надлежниот центар за социјална работа до Комисијата за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил формирана во рамки на Министерството за труд и социјална политика

Повеќе: ЈАВЕН ПОВИК