НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001На 25-26.06.2022 година, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, и во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, во „конгресен Центар“ во Охрид, се одржа 34-то Државно првенство во ѓах за лица со телесен инвалидитет на Македонија, на кое настапија 23 шахисти.
Се играа 7 кола Швајцарски систем, со темпо по играч од 30 минути.
Повеќе...
002Од 16-19.06.2022 година во Струга и Охрид, се одржаа 34-те по ред Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет на Македонија со учество на преку 80 спортисти од нашата држава.
Конечно се врати расположението и стариот формат на одржување на игрите, според кој спортистите поред натпреварите, имаа доволно време и за дружење.
Учесниците беа сместени во хотел „ГАЛЕБ“ во Струга, а натпреварите се одвиваа на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид - стрелаштво, малата сала на ОУ „Јосип Броз Тито„ во Струга - пинг понг, и на стадионот „Биљанини Извори“ во Охрид - атлетски повеќебој.
Резултати:
Повеќе...
001На ден 30 мај пред порта Македонија преку бул.11 Октомври до ДХО"Даре Џамбаз" , Мобилност Скопје со целосна поддршка од Мобилност Македонија и нејзините верни пријатели и поддржувачи, го одржа своето дефиле со мирен марш по повод одбележувањето на Денот на Мултиплекс склероза, Параплегија и Дистрофија.
На денот пред присутните учесници и медиумите, организаторите на настанот ги дадоа своите искази за главните точки на одбележувањето, барањата за кои се залагаат и остро стремење кон правата кои им следуваат;
Повеќе...
001На 15.05.2022 година, на големиот терен пред Фудбалска федерација на Македонија, а во рамките на проектот и поддршката што ФФМ ни ја дава за развој на фудбалот кај лицата со телесен инвалидитет, беше одигран фудбалски натпревар помеѓу екипата на Мобилност Македонија составена од фудбалери со телесен инвалидитет, предводена од тренерот Драган Дојчиноски, и екипата на федерацијата Спорт за сите, составена од наставници по физичко образование предводени од Проф. д-р Горан Никовски.
Натпреварот изобилуваше со динамика, убави акции, атрактивни одбрани и мноштво на голови.
Крајниот резултат 8:8.
Искажуваме искрена влагодарност до ФФМ за финансиската и логистичка поддршка што ни ја даваат континуирано низ години наназад.
Натпреварот го следеа претставникот на ФФМ, Ирена Милошевска и Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност Македонија.
Повеќе...
001На 29.04.2022 година, во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ беше одржана работна средба помеѓу претседателите на националните инвалидски организации и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, со нејзините соработници.
На средбата повторно ги потенциравме барањата на нашите членови за зголемување на висината на надоместоците за нега и помош од друго лице, за попреченост и посебниот додаток, како и нивно врзување со процент од просечна месечна плата.
Министерката истакна дека врзување со процент од месечна плата е невозможно заради тоа што во системот не може да се врзуваат правата од работен однос со правата од социјалната заштита. Што се однесува до покачувањето на надоместоците, истакна дека се наоѓаме во исклучително тешка економска состојба и глобална криза, и дека во моментов тешко дека ќе може да се зборува за покачување на надоместоците, меѓутоа истакна дека може да се работи на одредено зголемување со новиот буџет за 2023 година.
Повеќе...