НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

01На 10.03.2022 година, во холот на ДХО „Даре Џамбаз“, во присуство министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, дел од членовите на органите на сојузот, и десетина лица со телесен инвалидитет (заради протоколите за заштита од ширење на инфекција на Корона вирусот) се одржа пригоден настан на кој им беа предадени 17 електрични додатоци за движење на инвалидска количка, како и 13 инвалидски колички на електро-моторен погон.
Целата активност започна во втората половина на минатата година кога беше објавен Јавен повик за пројавување на интерес за потреба од наведените ортопедски помагала, а право на пријавување имаа сите лица со телесен инвалидитет на трериторијата на Северна Македонија кои овие помагала не можат да ги добијат преку ФЗОМ. Јавниот повик беше објавен во 2 печатени медиуми (по еден на македонски и на албански јазик), како и на социјалните страници на Мобилност Македонија и дел од здружените членки (веб страна и фејсбук страна).
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ГО РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТОТ НАБАВКА НА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА: 30 ЛИЦА СО ПОТЕЖОК И...
01„Предизвиците во вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот: европски практики и национални можности“
 
Во организација на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК), на 04.03.2022 година од 09:30-14:00 часот, се одржа онлајн конференција на тема „Предизвиците во вклучувањето на лицата со попреченост на пазарот на трудот: европски практики и национални можности“.
Од Мобилност Македонија на конференцијата присуствуваше претседателот, Бранимир Јовановски, кој во третата сесија говореше за позитивните и негативните страни на Законот за вработување на инвалидни лица, како и за искуствата кои ги има сублимирано Мобилност Македонија и здружените членки низ годините на оваа тема, особено истакнувајќи дека:
Повеќе: РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА: – Социјална политика и вработување (Поглавје 19)
01На 02.03.2022 година, во организација на канцеларијата на Обединетите нации во Северна Македонија и Народниот правобранител на Република Северна Македонија, беше организирана регионална конференција на тема: „Јакнење на Националните институции за човекови права како независни механизми за следење на примената на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост (КПЛП).”
Конференцијата имаше за цел да овозможи конструктивен дијалог, насочен кон конкретни активности за унапредување на инклузивен, еднаков и одржлив развој во земјите од Западниот Балкан, водејќи се од меѓународните стандарди за човекови права и заложбите на Агендата 2030 дека никој нема да биде изоставен во тој процес. Во фокусот на дискусиите беше зајакнувањето на улогата и соработката помеѓу Националните институции за човекови права (НИЧПи) во регионот, кои имаат значајни и широки надлежности во насока на промоција и заштита на човековите права, вклучително и на правата на лицата со сите видови на попреченост. Меѓу останатите надлежности, НИЧПи исто така имаат централна улога на независни механизми за следење на примената на КПЛП на национален план.
Повеќе: РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „ЈАКНЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА КАКО...
1На 16.02.2022 година, во амфитеатарот во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, беше одржан состанок помеѓу претставниците на членките на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија и Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Мобилност Македонија на средбата ја претставуваше претседателот Бранимир Јовановски.
На средбата се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост како и можностите за унапредување на нивните права.
Најважни теми и барања за кои разговаравме на првата од низа на натамошни работни средби, беа:
Повеќе: РАБОТЕН СОСТАНОК СО МИНИСТЕРКАТА ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА

013На 13 и 14 Декември 2021 година во Загреб, Хрватска, во организација на Советот на инвалидски организации на Хрватска, а под покровителство на Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, и на градоначалникот на градот Загреб, Томислав Томашевиќ, се одржува 26. Хрватски симпозиум за лица со инвалидност со меѓународно учество на кој, меѓу 126 учесници е и Мобилност Македонија, претставувана од претседателот, Бранимир Јовановски.
Темите се актуелни не само за Република Хрватска, туку и за целиот регион, некои решенија се слични во државите во опкружувањето, некои видно се разликуваат, ние како сојуз сме подготвени да ги споделиме нашите искуства и законски решенија по точките од дневниот ред.

Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВА НА 26 ХРВАТСКИ СИМПОЗИУМ ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ СО МЕЃУНАРОДНО...