НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001На 29.03.2023 година во ресторан Грација во Куманово, меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) организираше тркалезната маса за учеството на лицата со попреченост во изборните процеси.
Правото на рамноправно учество во изборните процеси за лицата со попреченост – да бидат гласачи, кандидати, членови на изборни органи или набљудувачи – е од особена важност за обезбедување демократски изборен процес кој ги исполнува критериумите за етика и интегритет. Овој настан ги вклучи засегнатите страни во истражување на можностите и опциите за постигнување на поправедна застапеност на лицата со попреченост во изборните процеси, со цел да се придонесе не само кон подобри законски и политички решенија за лицата со попреченост, туку и кон подобро општество за сите.
По краткото поздравно обраќање на модераторот на настанот, поздравен говор имаше Јоана Козма, директорка на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје.
Повеќе: ТРКАЛЕЗНА МАСА: УЧЕСТВО НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ИЗБОРНИТЕ ПРОЦЕСИ
001slovenijaНа 21.03.2023 година, во канцеларијата на Мобилност Македонија, претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски, оствари работна средба со новоименованиот амбасадор на Република Северна Македонија во Република Словенија, Горан Милевски.
Низ разговорот ја потенциравме соработката што со години наназад ја имаме со Сојузот на параплегичари на Словенија, предводени од претседателот Дане Кастелиц, за повеќето организирани и успешно спроведени тематски работилници и официјални посети на делегации од двете држави, додека амбасадорот ја потенцираше идејата за користење на бањските ресурси и друга конкретна помош која може да се реализира во иднина.
Напомена дака ќе ја разгледа можноста за добивање на конкретна помош на нашите членови, но и можност за продлабочување на соработката меѓу инвалидските организации од двете држави.
Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА СО НОВИОТ АМБАСАДОР НА РСМ ВО СЛОВЕНИЈА, ГОРАН МИЛЕВСКИ

            Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија -Мобилност Македонија, објавува оглас за вработување на 1(едно) лице преку засновање на работен однос на определено време за работно место – секретар, со можност за продолжување на работниот ангажман.

            1.Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:

            -да е државјанин на Република Северна Македонија

            -активно да го користи македонскиот јазик

            -да има општа здравствена способност за работно место

            -со правосилна судска пресуда да не му е изречена забрана за вршење               професија, дејност или должност

            2.Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:

            -завршено високо образование (правни науки, социјална работа и политика,       специјален едукатор -   ќе се сметаат за предност);

            -ниво на стручни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС    или завршен VII/1 степен;

            -работно искуство: со или без работно искуство во струката;

            -активно познавање на англиски јазик;

            -познавање на работа со компјутер MS Office (Word, Excel, Powerpoint);

            -да има познавање за пишување на проектни апликации;

            -да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско              работење;

            Опис на работно место:

            -ја координира соработката со секретарите и волонтерите на здруженијата       членки на Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија;

            -подготвува месечни и годишни извештаи за реализираните активности;

            -спроведување на проекти;

            -врши други работни задачи по задолжение на Претседателот на                                                  Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на македонија - Мобилност          Македонија, и согласно Правилникот за организација и систематизација на     работите во службата на НСИОМ;

            Паричен износ на основна нето-плата за време на определениот временски        период:             22.000,00 денари.

            Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено       време од 3 три месеци.

            Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават следните            документи:

            -Доказ за државјанство;

            -Доказ за општа здравствена способност / лекарско уверение;

            -Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена забрана           за        вршење професија, дејност или должност;

            -Уверение / диплома за завршен степен на образование;

            -Доказ за познавање на англиски јазик;

            -Доказ за познавање на компјутерски програми / потврда, сертификат;

            -Кратка биографија

            Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитетна Македонија - Мобилност Македонија, ул.„11 Октомври“ бр.42/а – Скопје. Документацијата која нема да биде поднесена на наведениот начин ќе се смета за некомплетна и нема да се разгледува.

004На 06.12.2022 година, во ресторанот Гарденија во Велес, под покровителство на Мобилност Македонија, а во организација на Мобилност Велес, беше одбележан 4-ти Декември - Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
На настанот присуствуваа: градоначалникот на Општина Велес Марко Колев, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, советници од општина Велес, пратеници, доктори, уметници, професори, наставници, спортисти, како и повеќе од 80 членови од сите 16 здружени членки на Мобилност Македонија.
Настанот започна со интонирање на државната химна и химната на градот Велес. Химните ги изведе хорот „Св.Кирил и Методиј“ од Велес, под диригенство на професор Веселинка Маџарова.
Пред присутните најнапред се обрати градоначалникот на Општината кој истакна дека и понатаму ќе продолжи да се залага за подобар и посодржаен живот на лицата со попреченост во општината и дека секогаш ќе се стреми за потребите на овие лица.
Повеќе: ВО ВЕЛЕС ОДБЕЛЕЖАН 4. ДЕКЕМВРИ - ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ НА МАКЕДОНИЈА
001Мобилност Македонија на 01.12.2022 година, како дел од активностите за одбележување на 3. Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, во Порта Македонија ја отвори Изложбата на уметнички дела од 11. Ликовна колонија 2022.
Во присуство на голем број на членови на Мобилност Македонија од повеќе здружени членки, ликовни уметници кои учествуваа на колонијата, како и други љубители на уметноста, изложбата за отворена ја прогласи заменикот министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин.
Хусејин на почетокот од своето обраќање се заблагодари за можноста да ја отвори изложбата која е организирана по повод 3 декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост и истакна дека овој ден е од особена важност за Министерството за труд и социјална политика.
„Развојот на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023 – 2030 е веќе во завршна фаза. Таа се развива согласно обврските и начелата преземени со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и комплементарна со Европската стратегија за правата на лицата со попреченост, врз основа на податоци и анализи направени за моменталната состојба со почитувањето и остварувањето на правата на лицата со попреченост. „Ништо за нас, без нас“ гласи мотото на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Врз основа на ова мото јавните политики ќе бидат креирани и спроведени со активно учество на лицата со попреченост“ рече Заменик Министерот.
Тој истакна дека особено е важно што се менува перцепцијата што општеството ја има за лицата со попреченост. Посочи дека се напушта стариот модел на гледање на попреченоста и дека истиот е заменет со немедицинското гледање кое ги поттикнува јаките страни и способности на децата и лицата со попреченост.
Повеќе: ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД 11. ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА 2022 ГОДИНА