На 13.09.2023 година претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар, Софка Печева, остварија работна средба со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
На получасовната работна средба дискутиравме за повеќе прашања од интерес на правата и заштитата на лицата со телесен инвалидитет, но и за подобрување на финансирањето на националниот сојуз, Мобилност Македонија.
Истакнавме дека очекуваме нашите барања кои во изминатите години повеќекратно ги доставувавме до Владата на РСМ, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, а се однесуваат на зголемувањето на износот на надоместоците од социјалната заштита (нега и помош од друго лице, попреченост, посебен додаток...), да бидат земени во предвид и реализирани со новиот Буџет за 2024 година.
Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА