НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001На 28.09.2024 во Бања Лука - БиХ се оржа Меѓународен екипен турнир во шах на параплегичари, на три табли, а организиран од Сојузот на параплегичари на Бања Лука и нивната претседателка Милена. Истиот беше беспрекорно организиран, а турниот го прогласи за отворен надлежниот заменик министер. Мобилност Македонија и оваа година по петти пат учествуваше со своја екипа во состав: Ѓорѓевски Јанчо, Војновски Горан и Изети Зекирија. Во фер и убава атмосфера, нашата екипа го даде својот максимум што резултираше со освојување на првото место на турнирот.

Повеќе: ПРВО МЕСТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БАЊА ЛУКА
001Од 20-23.06.2024 година во Струга и Охрид, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија - Мобилност Македонија, и соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, се одржаа 36. Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на МАкедонијаМакедонија, Србија, Црна Гора, Хрбатска,Бугарија и Босна и Херцеговина.
Во вечерните часови на 20.06.2024 на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид беа одржани натпреварите во стрелаштво. Во фер и коректна борба, беа постигнати следните резултати:
Повеќе: 36. РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

001На 28-29.09.2024 година во хотелот "Струшки Галеб" во Струга, во организација на Мобилност Македонија, беше одржано триесеттото јубилејно издание на Републичкиот квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, на кој учество зедоа 16 екипи од здружените членки на сојузот.

Во фер и коректна борба пропратена со изобилство на знаење и точни одговори, најдобар успех и титула "шампион на знаење за 2024 година" ја освои екипата на Мобилност Скопје 2 во состав Христина Просковска, Игор Николовски и Шериф Шерифовски кои освоија 99 поени, второто место му припадна на Мобилност Куманово кое го претставуваше Страшко Коцевски кој освои 68 поени, додека третото место го освои Мобилност Велес во состав Зоран Димов и Владо Владов кои освоија 60 поени. На четвртото место се пласира екипата на Мобилност Тетово во состав Веле Јаќимовски, Драге Маркоски и Виктор Дамјановски кои освоија 30 поени.

Повеќе: 30. РЕПУБЛИЧКИ КВИЗ НАТПРЕВАР НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

1 1По повод 3-ти Декември - Медјународниот ден на лицата со инвалидност, делгација на Нацииналниот совет на инвалидските организации на Македонија, во која партиципираа претседателите на здрузените цхленки, медју кои и на Мобилност Македонија беше во работна протоколарна посета со Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, во неговиот кабинет. Беше дискутирано за предизвиците кои стојат пред националните инвалидски организации и можноста на Претседателот да делува во интерес на остварувањето на правата и подобрувањето на положбата на лицата со инвалидност во РМ. Моето излагање беше во контекст на подигаање на јавната свест за можностите на лицата со телесен инвалидитет, потоа апел за целосно почитување на одредбите од донесените закони, пред се на одредбите кои се однесуваат на пристапноста, образованието и вработувањето на лицата со телесен инвалидитет. Секако дека ги афирмирав и постигнувањата на македонските параолимпијци стрелци и потребите за што поуспешен тренажен процес и настап на Параолимписките игри во Рио 2016 година.

Повеќе: Средба со Претседателот на РМ

002Мобилност Македонија во соработка со УНДП ја развива соработката во однос на самовработување на лицата со телесен инвалидитет преку соодветни програми. Доколку сте заинтересирани да организираме обука за заинтересираните членови, ве молиме да се најавите во канцеларијата на Мобилност Македонија или даоставите порака во коментар.
Повикот од УНДП ви го пренесуваме во целост:

Дали сакате да бидете претприемач и да имате свој бизнис? Имате желба да се обидете да водите своја фирма, но не знаете каква поддршка може да очекувате?

Повеќе: ИНФОРМАЦИЈА ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА И СИТЕ ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ