НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

040На 29.10.2022 година, во Струмица, во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Струмица - Мобилност Струмица, а со финансиска поддршка на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, се одржа 23-то издание на манифестацијата „Тортијада“, на која се натпреваруваа лица со телесен инвалидитет од 10 здружени членки на сојузот и тоа: Скопје, Куманово, Велес, Битола, Кавадарци, Радовиш, Гевгелија, Штип, Кочани и Струмица.
Целта на ова манифестација е инклузија на лицата со телесен инвалидитет преку истакнување на сопствените креативни способности, во една натпеварувачка атмосфера и во присуство на лица кои не се соочуваат со инвалидитет, дружење, размена на искуства и рушење на парадигмата дека лицата со инвалидност се болни и неспособни. Токму врвните креации од нашите членови го докажуваат спротивното.
Екипите кои беа пријавени за учество на манифестацијата „Тортијада 2022“ беа составени од по двајца членови, а според пропозициите донесените готови теста (пандишпани) требаше да ги украсат со рачно изработени украси. Декорирањето и изработката на украсите цело време беше следено од жири комисија составена од членките на здружението Вешта жена од Струмица.
Повеќе: 23-та ТОРТИЈАДА ВО СТРУМИЦА

001Од 01-07.10.2022 година, во Охрид, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, се одржува единаесеттата меѓународна ликовна колонија на која учествуваат 16 ликовни уметници од нашата држава и регионот и тоа: Роза Мојсовска, Проф. Зоран Јакимовски, Петар Попчев, Живко Пренџов, Стојче Тоциновски, Емилија Тоциновска, Далибор Јовановски, Стефан Јакимовски, Богоја Мојсовски, Виданка Мојсовска, Славко Упевче и Мики Трендафиловски, од Република Северна Македонија, Клара Касаш Томиќ, Станислава Летиќ и Јасмина Мина од Република Србија и Пламен Втчев од Република Бугарија.

Повеќе: 11. МЕЃУНАРОДНАЛИКОВНА КОЛОНИЈА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА
001На 01.10.2022 година, во Бања Лука, се одржа 14. Меѓународен шаховски турнир „Бања Лука 2022“, во организација на Сојуз на параплегичари и заболени од детска парализа и останати телесни инвалиди на Република Српска, на кој учествуваа 6 екипи од: Словенија, Србија Босна и Херцеговина и Северна Македонија.
Мобилност Македонија на овој меѓународен настан ја претставуваа првопласираните тројца шахисти од одржаното државно првенство: Насер Мустафа од Тетово, Даниел Нуневски од Охрид и Горан Војновски од Кочани.
Првото место на турнирот го освои екипата на Бања Лука, на второто место се пласира екипата на Мобилност Македонија, додека на третото место се пласира екипата на Тител од Нови Сад.
Честитки до нашите шахисти за освоеното второ место.
Повеќе: 14. МЕЃУНАРОДЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР „БАЊА ЛУКА 2022“
002Од 06-09.09.2022 година, екипата на Мобилност Македонија во состав: Елена Давитковска, Гоце Миновски, Зоран Јовановски и Златко Арсовски, учествуваа на јубилејните 30. Републички спортски игри на Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Србија (СПИКС), што годинава се одржаа во Врњачка Бања.
Нашите спортисти традиционално освојуваат медали и бележат убави резултати на овие игри. Така беше и годинава.
Најуспешен спортист беше Гоце Миновски кој во класа Ф53 освои: прво место во фрлање ѓуле со резултат од 4,40 метри, второ место во фрлање копје со резултат 9,28 метри и второ место во фрлање диск со резултат 11,20 метри.
Зоран Јовановски во класа Ф55 освои: прво место во фрлање ѓуле со резултат од 5,28 метри, второ место во фрлање диск со резултат 14,90 метри и четврто место во фрлање копје со резултат 10,74 метри.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА 30. РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА СПИКС
001На атлетскиот стадион „Камберовиќа Поље“ во Зеница, од 8 до 10 септември 2022 година, се одржа Меѓународното отворено првенство и 18. спортски игри за параплегија и заболени од детска парализа на федерација Босна и Херцеговина, на кое по покана од домаќиност учествуваа и спортистите од Мобилност Македонија: Дејан Ѓорѓиевски, Савре Бојковиќ и Имер Сефери.
На овој спортски настан учество зедоа 80 натпреварувачи во осум дисциплини. Организатор на натпреварот беше Сојузот на параплегичари и заболени од детска парализа на федерацијата Босна и Херцеговина. Игрите беа свечено отворени со дефиле на учесниците и децата од основните училишта во Зеница, на чело со прославениот параолимпиец, учесник на 3 параолимписки игри, фрлачот на ѓуле, Џевад Панџиќ.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДНО ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО И 18. СПОРТСКИ ИГРИ НА ПАРАПЛЕГИЧАРИ И ЛИЦА...