НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001На ден 30 мај пред порта Македонија преку бул.11 Октомври до ДХО"Даре Џамбаз" , Мобилност Скопје со целосна поддршка од Мобилност Македонија и нејзините верни пријатели и поддржувачи, го одржа своето дефиле со мирен марш по повод одбележувањето на Денот на Мултиплекс склероза, Параплегија и Дистрофија.
На денот пред присутните учесници и медиумите, организаторите на настанот ги дадоа своите искази за главните точки на одбележувањето, барањата за кои се залагаат и остро стремење кон правата кои им следуваат;
Повеќе: Одбележување на Денот на Мултиплекс склероза, Параплегија и Дистрофија
001На 15.05.2022 година, на големиот терен пред Фудбалска федерација на Македонија, а во рамките на проектот и поддршката што ФФМ ни ја дава за развој на фудбалот кај лицата со телесен инвалидитет, беше одигран фудбалски натпревар помеѓу екипата на Мобилност Македонија составена од фудбалери со телесен инвалидитет, предводена од тренерот Драган Дојчиноски, и екипата на федерацијата Спорт за сите, составена од наставници по физичко образование предводени од Проф. д-р Горан Никовски.
Натпреварот изобилуваше со динамика, убави акции, атрактивни одбрани и мноштво на голови.
Крајниот резултат 8:8.
Искажуваме искрена влагодарност до ФФМ за финансиската и логистичка поддршка што ни ја даваат континуирано низ години наназад.
Натпреварот го следеа претставникот на ФФМ, Ирена Милошевска и Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност Македонија.
Повеќе: ФУДБАЛСКИОТ ТИМ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ОДИГРА НАТПРЕВАР СО ФЕДЕРАЦИЈАТА СПОРТ ЗА СИТЕ
001На 29.04.2022 година, во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ беше одржана работна средба помеѓу претседателите на националните инвалидски организации и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, со нејзините соработници.
На средбата повторно ги потенциравме барањата на нашите членови за зголемување на висината на надоместоците за нега и помош од друго лице, за попреченост и посебниот додаток, како и нивно врзување со процент од просечна месечна плата.
Министерката истакна дека врзување со процент од месечна плата е невозможно заради тоа што во системот не може да се врзуваат правата од работен однос со правата од социјалната заштита. Што се однесува до покачувањето на надоместоците, истакна дека се наоѓаме во исклучително тешка економска состојба и глобална криза, и дека во моментов тешко дека ќе може да се зборува за покачување на надоместоците, меѓутоа истакна дека може да се работи на одредено зголемување со новиот буџет за 2023 година.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА И ДРУГИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНВАЛИДСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗДРУЖЕНИ ВО НСИОМ ОДРЖАА РАБОТНА...
LogoНа 30.03.2022 година во 09:30 часот, во просториите на Владата на Република Северна Македонија се одржа работна средба помеѓу претседателите на националните инвалидски организации (на лицата со телесен инвалидитет, слепите, глувите и интелектуално попречените лица), од една страна, и претседавачот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски и Лидија Крстевска Дојчиновска, државен советник во владата, од друга страна.
Беше дискутирано за повеќе прашања од областа на социјалната политика, социјалните услуги и заштита на правата на лицата со инвалидност, но главен акцент беше ставен на нашето барање за зголемување на надоместоците за нега и помош од друго лице, посебниот додаток и надоместокот за попреченост, како и нивно врзување за просечната месечна плата исплатена во РСМ, или нивно позиционирање на одредено ниво и подоцна редовно усогласување по швајцарската формула, слично решение како кај усогласување на пензиите на пензионерите.
Имено, барањата на Мобилност Македонија и на здружените членки на НСИОМ се:
- Надоместокот за попреченост да изнесува 40% од просечната месечна плата исплатена во Република Северна Македонија за минатата година, усогласена според нова методологија за порастот на надоместокот врз основа на таканаречена швајцарска формула, односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата;
Повеќе: СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНВАЛИДСКИ ОРГАНИЗАЦИИ СО СОВЕТНИЦИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ ВО...
mtsp
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО ТЕШКА, ПОТЕШКА И НАЈТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2022 ГОДИНА
Министерството за труд и социјална политика согласно Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка, потешка и најтешка телесна попреченост, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2022 година(Службен весник на Република Северна Македонија бр.43/22) објавува јавен повик за поднесување на барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.
Барањето може да се поднесе од страна на лицето со попреченост, негов родител или старател најдоцна до 30 септември 2022 година.
Барањето со потребната документација се поднесува преку надлежниот центар за социјална работа до Комисијата за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил формирана во рамки на Министерството за труд и социјална политика
Кон барањето се поднесува следната документација:
Повеќе: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ...