НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001На 27.06.2023 година, на платото пред вилата „Водно“ во Скопје, во организација на УНДП и Владата на РСМ, со поддршка на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и со Националните сојузи и организации на лица со попреченост, се одржа отворена дискусија на тема ,, Да ја отпакуваме Конвенцијата на Обединети нации за правата на лицата со попреченост по однос на правото на на независно живеење на еднаква основа со останатите граѓани – Што ми е потребно за да живеам независно? “
Отворената дискусија беше организирана со цел подигнување на нивото на разбирање и свесноста за правата на лицата со попреченост помеѓу носителите на самите права, односно самите лица со пореченост и носителите на јавните политики, како и информирање на јавноста по однос на состојбата и заложбите на сите чинители по однос на идентификување на предизвиците со ки се соочиваат и потребата од поддршка за јакнење на капацитетите за нивно надминување.
Настанот го отвори г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска со поздравен говор, истакнувајќи дека денешната дискусија е во насока на јавна поддршка за лицата со попреченост, која воедно е и можност за почеток на вистински промени.
Повеќе: ВТОРА СЕСИЈА НА ТЕМА НЕЗАВИСНО ЖИВЕЕЊЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, ВИЛА „ВОДНО“
001Репрезентацијата на Мобилност Македонија во состав: Адем Неби од Скопје, Златко Арсовски од Делчево, Имер Сефери од Скопје, Елена Давитковска од Куманово (спортисти) и Бранимир Јовановски, претседател на сојузот и тим лидер, од 22-24.06.2023 година во Зеница учествуваше на 19-то Меѓународно отворено првенство и спортски игри на параплегичари и заволени од детска парализа на БиХ, на кои поред домашните спортисти учествуваа и спортисти од Србија, Црна Гора и Словенија.
Нашите спортисти не ја изневерија традицијата и овојпат, освојувајќи бројни медали во своите категории.
Повеќе: 19. МЕЃУНАРОДНО ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО И СПОРТСКИ ИГРИ НА ПАРАПЛЕГИЧАРИ НА БИХ, ЗЕНИЦА 2023
001Од 15-18.06.2023 година, во Струга и Охрид, се одржаа 35. Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на Мобилност Македонија, во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија кој се грижеше за организација на спортски терени и судии.
На игрите настапија 110 спортисти со телесен инвалидитет од акедонија, како и 15 спортисти од Хрватска, Србија и Црна Гора.
Во беспрекорна организација, фер и коректна игра, беа постигнати следните резултати
Повеќе: 35. РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА
mtspНа 05.06.2023 година, во Клубот на пратеници во Скопје, во организација на Министерството за труд и социјална политика, се одржа Јавна расправа по нацрт текстот на Законот за систем на проценка на лицата со попреченост, на која присуствуваа претставници на повеќе засегнати организации меѓу кои и Мобилност Македонија.
По воведните зборови од страна на заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, претставникот на експертската група која го изготвила нацрт текстот на законот, Дарко Јаневски, истакна дека со овој закон се уредува системот на проценка на лицата со попреченост, организацијата, надлежноста, групите вработени и начинот и изворите на финансирање на Централното координативно тело за проценка на лица со попреченост, условите и постапката за лиценцирање на лицата кои вршат проценки, условите и постапката за сертифицирање на обучувачи кои спроведуваат обуки за вршење проценки, начинот на вршење на проценка на лицата со попреченост и издавање на наод и мислење и потврда за лице со попреченост, надоместоците и трошоците во системот за проценки на лица со попреченост, воспоставувањето и водењето на регистарот на лицата кои вршат проценки и на регистарот на лица со попреченост, воспоставувањето и администрирањето на информацискиот систем за проценка на лицата со попреченост, како и други прашања од значење за системот за проценки.
Проценка во смисла на овој закон претставува утврдување на попреченост како долготрајна телесна, интелектуална, ментална или сетилна оневозможеност на лице, што во интеракција со различните општествени бариери може да го спречи неговото целосно и ефективно учество во општеството на еднаква основа со другите граѓани, како и определување на нивото на преостаната работна способност и потребна поддршка на лицето.
Повеќе: ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ТЕКСТ НА ЗАКОНОТ ЗА СИСТЕМ НА ПРОЦЕНКА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
0005На 28.03.2023 во ДХО"Даре Џамбаз се одржа првата седница на Управен одбор на Мобилност Македонија во новиот состав, на која се донесоа бројни одлуки за реализација на Програмата за 2023 година, меѓу кои:
- одржување на тематски работилниоци за подигање на нивото на јавната свест кај народот и институциите за потребите на лицата со телесен инвалидитет, барање за прием во министерство за труд и совијална политика и министерство за финансии за зголемување на социјалните надоместоци и подобра социјална сигурност на лицата со телесен инвалидитет, одржување на традиционалани средби и настани како што се Републички спортски игри, Републички квиз натпревар, литературни читања, музички фестивал, поддршка на талентираните членови со телесен инвалидитет, следни чекори за подобрување на право на ортопедски помагала, особено право на електромоторна количка без услов лицето да биде во редовен работен однос или на школување, туку врз основа на медицинска индикација, оглас за одмори опоравок во гарсоњерите во Охрид и други.
Повеќе: СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА