НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001Претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар на сојузот, Софка Прчева, на 03.12.2021 година во хотелот Александар Палас во Скопје, присуствуваа на свечена седница организирана од правобранителот на Република Северна Македонија, Насер Зибери, по повод одбележување на 3ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а воедно и 10 годишнина од ратификацијата на Конвенцијата на ООН за права на лицата со попреченост, како и потпишување на Меморандум за соработка на Народниот правобранител со граѓанските организации кои се дел од Националниот механизам за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата на лицата со попреченост (КПЛП).
Согласно актуелните мерки и Протоколи за заштита од ширење на вирусот Ковид-19 и ограничувањето на бројот на присутни лица во затворена просторија, беше дозволено присуство на максимум две лица по граѓанска организација со задолжително поседување на сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) или сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена.
Повеќе: СВЕЧЕНА СЕДНИЦА И ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, НАСЕР ЗИБЕРИ
010И годинава, на 03.12.2021 година, во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, Националниот совет на инвалидски организации на Македонија со своите седум здружени национални инвалидски организации: Национален сојуз на слепите на Република Северна Македонија, Национален сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија, Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост–Порака, Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија, Национален сојуз на инвалиди на трудот на Република Македонија, во соработка со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, го одбележа 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност/попреченост.
Настанот го отвори претседавачот на Координативното тело, Спасе Додевски, а потоа говореа:
Повеќе: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3 ДЕКЕМВРИ - МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, ВО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА...
001На 02.12.2021 година, по повод одбележувањето на 3. Декември - Меѓународен ден на лицата со инвалидност, Претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски беше во работна посета во ДХО „Даре Џамбаз“ каде се состана со претседателите и претставниците на Националните инвалидски организации, членки на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ).
Средбата ја отвори претседателот на НСИОМ, Дејан Ѓорѓиевски, а потоа збор зеде Претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски, истакнувајќи дека како и минатите години, дојден е да ги слушне потребите на лицата со инвалидност и во рамките на неговите ингеренции, контакти и деловни врски, да помогне во реализацијата на барањата за подобрување на правата и положбата на лицата со инвалидност во нашата држава.
Во продолжение на едно ипол часовната работна средба, за проблемите и потребите на членовите на НСИОМ дискутираа претставниците на националните инвалидски организации за кои ги застапуваат и тоа:
Повеќе: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РСМ, Н.Е. СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, НА РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА НСИОМ
001На 15.11.2021 година, со почеток во 11 часот, 8. Центар за знаења за социјален развој од областа на подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост, организираше меѓународна онлајн панел-дискусија на тема: „Адекватно домување за лицата со попреченост во Република Хрватска и регионот - примери на добри и лоши практики“ како дел од кампањата која беше иницирана со цел да се донесе соодветна законска рамка за социјални станови во Република Хрватска.
На панел дискусијата учествуваа следните претставници:
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДНА ОНЛАЈН ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА
001На 23-24.10.2021 годинаа, во големата сала на хотелот „Цар Самуил“ во с.Банско, Струмица, со почитување на мерките за заштита од ширење на инфекција од Ковид-19, се одржа дваесет и седмото издание на Републичкиот Квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија. И годинава прашањата за натпреварот ги подготви познатиот квизаџија и уредник на ТВ Сител, Зоран Јорданов, техничка и компјутерска подготовка Тони Пајдаков, кој воедно беше и член на трочлената жири комисија заедно со Софка Прчева и Драган Дојчиноски. Водител на манифестацијата и овој пат беше Бранимир Јовановски.
На натпреварот учествуваа 14 екипи од здружените членки на Мобилност Македонија кои своето учество го обезбедија преку тест натпреварите кои беа организирани на 28.09.2021 година. Согласно пропозициите, беа одржани 4 четвртфинални квизови, 2 полуфинални и еден финален квиз после кој беа одлучени добитниците на плакетите за прво, второ и трето место. Првопласираните 2 екипи од четвртфиналните квизови се пласираа во полуфиналето, додека првопласираните 2 екипи од полуфиналните квизови се пласираа во големото финале.
Повеќе: 27. РЕПУБЛИЧКИ КВИЗ НАТПРЕВАР, ПРВО МЕСТО ЗА МОБИЛНОСТ КОЧАНИ