НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

ombudsmanTимот за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) при Одделот за заштита на правата на децата и лица со попреченост кај Народниот правобранител а во координација со сите граѓански организации кои се дел од независниот мониторинг механизам (НММ) го реиницира проблемот со пописните прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост, и на 13.08.2021 повторно се обрати до директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) со Препорака итно да се направи корекција, промена, односно подобрување на содржината на Прашалниците кои ќе се користат при реализирање на претстојниот попис, пришто сериозно ќе бидат земени предвид мислењата, забелешките и сугестиите дадени од организациите кои се дел од механизмот за мониторинг, а чии автентични ставови и реакции беа нотирани во дадената Препорака. Од страна на ДЗС на ден 23.08.2021 ни беше доставен одговор во кој е наведено дека: „Пописот претставува најмасовна статистичка акција преку која се прибираат голем број на податоци за единиците кои се предмет на попишување. Во таа смисла, не постои можност да се приберат сите барани податоци од различни категории субјекти, бидејќи на тој начин значително ќе биде оптоварена самата статистичка пописна акција...со Пописот се планира да бидат прибрани сет на податоци кои се однесуваат на наведената категорија на лица, преку што ќе може да се креираат бази на податоци во кои понатаму, преку конкретизирање на соодветно статистичко истражување, ќе може да се приберат поголем сет на податоци со потребен квалитет на наведените категории лица.“
Дополнително Народниот правобранител, на 13.08.2021 се обрати со Информација и до Националното координативно тело (НКТ) за имплементација на Конвенцијата за лица со попреченост при Владата на РСМ, со цел сериозно да ја разгледа дадената Препорака до ДЗС и согласно надлежностите да преземе мерки со цел унапредување на процесот на собирање на податоци, кои ќе овозможат формулирање и имплементирање политики за спроведување на КПЛП. НКТ го информираше Народниот правобранител дека договориле работен состанок со директорот на ДЗС со цел разговор околу ставовите, потребите, можностите и аспектите за наведените барања содржани во Препораката. Состанокот беше одржан на ден 27.08.2021 година во Владата на РСМ и на истиот, поради потребата од придржување до протоколите заради спречување на ширењето на Ковид-19 присуствуваа неколку претставници на НММ. Известувањето од одржаниот состанок е во прилог на оваа порака.
Дополнително Ве известуваме дека Народниот правобранител отвори бесплатната телефонска линија 0800 54321 на која граѓаните ќе можат да пријавуваат евентуални нерегуларности при спроведувањето на пописот и дека на овој телефонски број можете да се обратите при евентуално соочување со извесни проблеми при пописната акција.
Очекуваме дека како наши партнери во НММ со цел заштита и унапредување на правата на лицата со попреченост ќе добиеме и повратни информации/известувања за случаи поврзани со попречување на правата на лицата со попреченост, и тоа не само во врска со претстојниот Попис, туку и со локалните избори кои следат, како и воопштено со евентуалните проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост во остварувањето на правата. За каква било информација или совет Ви стоиме на располагање, пришто Ве охрабруваме да контактирате со советниците од тимот за мониторинг при Народниот правобранител на тел. 3129335 лок.570.
Срдечно, д-р Весна Костиќ-Ивановиќ
Државен советник за следење на имплементацијата на
Конвенцијата за правата на лица со попреченост при
Народен правобранител, тел. 02/3129335 лок. 570
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.