На 23-ти мај, во хотелот Карпош во Скопје се одржа последниот состанок на работната група за професионална рехабилитација и лична асистенција во која партиципира и Мобилност Македонија.
Беа разгледани и дискутирани следниве теми (и нивни презентери):
-Презентација на подобрена база на податоци Лирикус и нови модули Александар Славковиќ, Помлад неклучен експерт за ИКТ
-Презентација на развиени стандардиза Професионална рехабилитација и финално одобрување на истите.
Јелена Вахакуопус, Раководител на проектен тим и Стојан Андонов, Постар не клучен експерт;
-Законска основа за Персонална асистенција.
Репрезентацијата на Мобилност Македонија во состав: Гоце Миновски, Савре Бојковиќ, Адем Неби и Дејан Ѓорѓиевски, од 18-20.05.2017 година во Зеница учествуваа на 14-те Спортски игри на параплегичари и лица заболени од детска парализа на Федрацијата Босна и Херцеговина.
По извршената класификација нашите натпреварувачи настапија во атлетика и во шах екипно. Нашите двајца натпреварувачи во атлетика постигнаа голем успех освојувајќи медали во сите дисциплини во кои настапија и тоа:
НА СРЦ „ТРЕСКА“ ВО СКОПЈЕ ОДРЖАНА VI МАСОВНА СРЕДБА ВО ПРИРОДА НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА
Мобилност Македонија на 20.05.2017 година во СРЦ Езеро Треска, по шести пат ја организираше рекреативната средба во природа на која и годинава учествуваа преку 350 членови на сојузот од цела Македонија. Благодарение на соработката со Советот на градот Скопје, и годинава беа организирани три меѓуградски автобуси, како и два градски автобуси кои ги довезоа учесниците на средбата до договореното место. За лицата со инвалидска количка Мобилност Македонија донираше во трошоците за превоз плаќајќи им го потрошениот бензин. Беа организирани рекреативни активности во соработка со Проф. д-р Горан Никовски, претседател на Федерацијата за рекреативен спорт, и Драган Дојчиноски, генерален секретар на Македонскиот параолимписки комитет, како што се бадмингтон, боќање, шах, пикадо....
Членови на Мобилност Македонија, како претставници на Македонскиот параолимписки комитет, учествуваа на пинг-понг натпреварот "Podgorica OPEN" 2017, на чело со селекторот Страшко Коцевски.