На 17.07.2017 година во просториите на Министерството за труд и социјална политика се одржа работен состанок со министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска. На состанокот присуствуваа: претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, претседателот на ПОРАКА, Чедо Трајковски, претседателот на Сојуз на слепи, Жарко Селковски, претседателот на НСИОМ, Коце Димов и раководителот на НСИОМ, Драган Дојчиноски.
Претседателот на Мобилност Македонија во своето излагање истакна:
„Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија е национална инвалидска организација која директно пред институциите на државата ги претставува и застапува интересите за подобрување на правата и положбата на повеќе од 8.500 доброволно зачленети лица со телесен инвалидитет, а индиректно, на сите лица со телесен инвалидитет кои живеат на територијата на РМ, кои од било кои причини не изразиле желба да бидат зачленети во сојузот.
Почитувани членови,
На повикот на ФФМ преку нашиот сојуз се пријавија 10 наши членови, значи немаше потреба од жребање.
СИТЕ ВИЕ СТЕ ДОБИТНИЦИ.
Вашите податоци ќе бидат испратени до фудбалската федерација на Македонија уште денес, а тие ќе го препратат списокот до УЕФА.
Ќе ве известиме дополнително (ние или ФФМ бидејќи има ваши контакти) за начин на плаќање и подигање на билетите. Ви посакувам убава забава и уживање на овој врвен спортски настан.
Како плод на изградената успешна соработка со Фудбалската федерација на Македонија, од ФФМ предмалку не’ известија дека УЕФА доделува карти за 12 корисници на инвалидска количка и 12 нивни придружници.
Цената на картата е 15 евра.
Инсистираат картите да се доделат на лица кои се движат секојдневно со инвалидска количка, а придружниците се нивен избор (роднина, пријател, другар или колега со полесен инвалидитет... сами бираат).
Мобилност Македонија ги повикува сите заинтересирани членови кои се движат со инвалидска количка да аплицираат за една од 12-те бесплатни карти и тоа исклучиво на нашата е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до понеделник (17.07.2017 година) до 10 часот наутро.
Барањето во пораката да содржи:
1. Име и презиме на барателот, град, адреса, број на телефон.
2. Медицинска дијагноза на барателот.
3. Име и презиме на придружникот - асистент (лице кое се движи без количка и седи на столче покрај).
4. Со барањето ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се достави скениран образец ИДК-Изјава од ФЗО (го имате во прилог како слика подолу) дека ортопедското помагало кое го подига лицето (инвалидска количка) по истекот на времетраењето ќе ја врати во фондот. Овој образец - Изјава ќе се смета за доказ дека лицето има индикации и има подигнато инвалидска количка од фондот.
5. Се аплицира исклучиво по е-маил на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
По покана на претседателот на Здружението на лица заболени од мултиплекс склероза на Северно-Банатски округ, г-ѓа Славица Зориќ, делегација на Мобилност Македоија во состав: Бранимир Јовановски, Совка Прчева, Елица Трпковска и Горан Здравков, од 26-30.06.2017 година присуствуваше на одбележување на 25 годишниот јубилеј на здружението во Нови Кнежевац, во рамките на кое одбележување беа организирани повеќе спортски настани.