На 15.11.2017 година, во хотел „АРКА“ во Скопје, се одржа конференцијата „Очи за еднаквост” посветена на лицата со инвалидност, организирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ поддржан од страна на Британската амбасада во Македонија, на која присуствуваше и Мобилност Македонија.
Преку конференцијата, јавноста и граѓаните подетално беа информирани за наодите од истражувањата и анализите за потребите за промени на лицата со инвалидност во областите:
1. Социјална заштита
2. Образование
3. Здравствена заштита
4. Вработување
5. Квалитет на живот
Воведно обраќање на прес-конференцијата имаше Британскиот амабасадор во Македонија, Чарлс Герет и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, а потоа следеше обраќањето на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, потоа излагањата на експертите од разните области, како и излагањата на претставниците на министерствата надлежни за областите за кои беа спроведени истражувањата.
Денес 10.11.2017 година, во хотел Карпош во Скопје, во оргаизација на Републичкиот центар а поддршка на лицата со интелектуална попреченост-ПОРАКА, а во присуство на претседателот на Европската асоцијација на сервис провајдери за лицата со инвалидност (ЕАСПД), г-дин Џим Кроу, беше одржан Форум за сервис провајдери, на кој активно учество зеде и претседателот на Мобилност Македонија презентирајќи ја потребата од сервис служби за лицата со телесен инвалидитет, особено во услови на новонајавената социјална политика и новиот Закон за социјална заштита кој е во подготовка.
Агенда на настанот:
На 21-22.10.2017 година во хотелот Цар Самуил во с.Банско-Струмица, се одржа дваесет и третото издание на Републичкиот квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитете на Македонија, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија.
Учествуваа 16 екипи од здруженијата членки на сојузот. Првиот натпреварувачки ден се одржаа четири четвртфинални квизови (секој од нив составен од по шест игри) од кои осум екипи (првопласираните две од секоја група) се здобија со право на уество во полуфиналните борби. Вториот натпреварувачки ден се одржаа двата полуфинални квиза (секој од нив составен од по седум игри) и по исклучително покажано знаење, четири екипи (Кочани, Скопје 1, Скопје 2 и Гевгелија) се пласираа во големото финале.
По исклучително интересна борба и презентација на знаења од повеќе области, првото место го освои екипата на Мобилност Кочани (минатогодишниот победник) со освоени 86 поени. Второто место и припадна на екипата на Скопје 1 со освоени 79 поени, додека третото место на екипата на Скопје 2 со освоени 47 поени.
Во рамките на договорената динамика за предлози за измени и дополнувања на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала, на 03.10.2017 година во ДХО Даре Џамбаз се одржа вториот работен состанок помеѓу Мобилност Македонија и Комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, на кој од страна на Мобилност Македонија беа повикани и дел од нашите членови кои користат инвалидски колички за придвижување (мануелна, електромоторна, како и со додатоци за лица со церебрална парализа), како целна група која треба да ги искаже потребите и проблемите со кои се соочува при набавка на инвалидските колички, но и квалитетот и дизајнот кои може да се добијат во моментов со актиелната референтна цена и сите компликации при остварување на правото преку аптеките (без струќни лица и земање на содветни мерки, односно пополнување на медицинско-техничка документација за мерките и индикациите). Се водеше конструктивна дискусија повеќе од два часа, се нотираа одредени забелешки и се договорија натамошни чекори и обврски. Следен состанок на Мобилност Македонија и Комисијата е закажан за понеделник 09.10,2017 година на кој ќе присуствуваат и наши членови кои носат протези, ортози и корсети.