На 01.08.2017 година во Министерството за труд и социјална политика се одржа работна средба помеѓу министерот Мила Царовска и претставниците на Работната група за измени и дополнувања на Законот за социјална заштита. На средбата присуствуваа и претставници на повеќе граѓански здруженија и инвалидски организации.
Министерот Царовска го промовираше предлог Законот за измени и дополненија на Законот за социјална заштита, во кој за лицата со телесен инвалидитет се предвидуваат следните измени:
Мобилност Македонија активно учествува во проектот на ОСЦЕ и Државната Изборна Комисија за проверка и проценка на пристапност на избирачките места за лицата со инвалидност во РМ како подготовка за локалните избори 2017 гдина.
Беа одржани 2 седници на 26.07.2017 година во просториите на ОСЦЕ и на 31.07.2017 година во просториите на ДИК.
Активно учествувавме во подготвување на Прашалникот за проверка на избирачките места и во составување на 12 тимови за проценка на избирачките места во РМ, во кои ќе партиципираат и по еден член од невладиниот сектор меѓу кои и неколку членови од Мобилност Македонија и тоа: Горан Спасов од Скопје (за општините Центар и Аеродром), Горан Здравков од Велес (за општините Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија), Фани Јаќимовска од Тетово (за општините Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце, Теарце), Буран Бала од Дебар (за општините Дебар и Центар Жупа, Струга и Охрид) и Гордана Велкова од Кочани (за општините Кочани, Делчево и М.Каменица).
Почитувани членови кои аплициравте и добивте карти за Супер Купот во фудбал 2017 година,
Благодарејќи на долгогодишната успешна соработка на Мобилност Македонија со Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје, Ве известуваме дека „СЛАВЕЈ“ донесе одлука да донира средства и да ги плати Вашите карти за овој спектакуларен настан кој ќе се одржи на 8-ми август на Арената „Филип Втори“ во Скопје.
Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје и Мобилност Македонија Ви посакуваат уваба забава.
Картите (најверојатно) од понеделник - 31.07.2017 година ќе може да ги подигнете во канцеларијата на Мобилност Македонија, но за тоа ќе добиете информација дополнително.
Им благодариме на нашите пријатели од Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје.
РАБОТЕН СОСТАНОК НА ТЕМА:
„Техничка помош за подршка на процесот на деинститунализација во социјалниот сектор“
Во просториите на Министерството за труд и социјална политика се одржа работен состанок на тема „Техничка помош за подршка на процесот на деинститунализација во социјалниот сектор“, на кој во отсуство на претседатлот учествуваше нашиот генерален секретар Софка Прчева, која во рамките на темата во однос на лицата со телесен инвалидитет истакна:
„Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија Мобилност Македонија смета дека дискриминацијата спрема лицата со телесен инвалидитет е присутна во државата во сите сфери на нивното живеење, особено во образовниот процес. Лицата со телесен инвалидитет се интелектуално способни луѓе. Затоа тие не можат да се третираат како лица со посебни образовни потреби, тука како лица на кои треба да им се создадат услови за пристап и вклучување во општиот или редовен образовен систем.