Во организација на Мобилност Македонија, од 21-27.04.2017 година во Охрид се одржа осмата Ликовна Колонија на која учество зедоа 14 уметници од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Поред нашите членови Роза Мојсовска и Тома Димовски, учествуваа и членовите сликари од Сојузот на параплегичари на Словенија, Радован Грос и Јакоб Кавчиќ со своите придружници. На ликовната колонија учествуваа академските сликари: Јанко Лацо, Станислава Летиќ, Клара Томиќ-Касаш, и Катарина Новаковиќ од Србија, Жељан Павиќ од Хрватска, Зоран Јакимовски, Богоја Мојсоски и Виданка Мојсоска од Македонија.
Обука за лична асистенција, 12-13.04.2017, Хотел „Арка“, Скопје
Под раководство на проект менаџерот за лична асистенција - Маријана Јанковиќ од Хрватска и нејзиниот асистент Владимир Илиевски од Филозофскиот факултет при УКИМ - Скопје, започна обуката за сервис провајдерите, корисниците и асистентите за лична асистенција под наслов „Лична асистенција за живот, работа и радост“, во рамките на ЕУ проектот „Унапредување на услугите за социјална вклученост“ кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со активна партиципација на Мобилност Македонија од стартот на проектот. Денешната обука ја посетуваат членовите на Мобилност Скопје и Мобилност Куманово.
Работен состанок во канцеларијата на Мобилност Македонија на 07.04.2017, на претставници на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, ПОРАКА и СОЈУЗ НА СЛЕПИ на РМ, со претставници на УНДП: Душан Томшиќ, Марија Трифуновска и Наташа Биљарска, во врска со предлог подготовката на Веб портал со податоци за зачленетите лица со инвалидност во општинските здруженија на нациолните инвалидски организации, со поддршка УНДП преку проектот „Услуги за лица со попреченост“.
Работен состанок во канцеларијата на Мобилност Македонија на 07.04.2017, на претставници на ПОРАКА и МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА со проф.Вито Флакер од Словенија, тим лидер за техничка поддршка за процесот на деинституционализација во РМ, при Министерството за труд и социјална политика, проект подржан од ЕУ во РМ.