На 21.07.2019 година, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, на платото пред Домот на културата „Антон Панов“, во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“, се одржаа 25-тите Музички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија во организација на Мобилност Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика.
14 учесници од Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Струмица се натпреваруваа кој поубаво ќе отпее, а се пееја традиционални македонски народни песни. Во официјалниот програм настапија:
На 23.06.2019 година во дворот на Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ во Скопје беше одржана VIII масовна средба на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
Средбата традиционално се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“, со што сакаме да испратиме силна порака до институциите во државата дека само вака обединети и организирани ќе имаме сила да се избориме за потполна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во сите пори на општеството на еднаква основа со другите. Исто така сакаме да ги потсетиме институците за обврските на државата за подобрување на пристапноста, здравствената заштита, образованието, вработувањето и целосната социјална инклузија на лицата со телесен инвалидитет, во духот на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност и Препораките на Комитетот за правата на лицата со инвалидност при ООН од 21.09.2018 година.
Сојузот на параплегија и квадриплегија на Србија, во деновите од 12.06.2019г. до 14.06.2019г. во Бор, под мотото “ Еднакви во спортот “, ги одржа 27-те спортски игри “ СЕНИ-27.РСИ “.
Мобилност Македонија со свои трофејни спортисти во атлетика од огранокот на параплегија, класифицирани по меѓународната класификација на атлетичари, гостуваше на овие спортски игри, достоинствено се претстави и постигна задоволителни резултати и тоа;
1.Гоце Миновски ,(категорија М ф5 3) ,освоени;
Ѓуле-1 место , Диск-2 место, Копје-2 место ,
2.Зоран Јовановски , (категорија М ф5 5), освоени;
Диск-1 место, Ѓуле-2 место, Копје-3 место ,
3.Елена Давитковска , (категорија Ж ф5 6), освоени;
Диск-1 место, Ѓуле-1 место и
4.Златко Арсовски-учесник со задоволителни резултати.
За одличната организација и безпрекорната гостопримност, Мобилност Македонија им се заблагодарува на Сојузот на Србија и домаќините во Бор, и верува во долгорочна соработка и спортско дружење помеѓу овие две соседни државни здруженија на параплегија.
На стадионот на ФК Караорман во Струга, на 08.06.2019 година, во рамките на проектот со ФФМ, се одигра пријателски фудбалски натпревар помеѓу фудбалската екипа на Мобилност Македонија и ФК Охрид од Охрид. Натпреварот заврши нерешено 8:8, но резултатот не беше во преден план ниту во еден момент. Најважна беше социјалната инклузија преку спортски активности за лицата со телесен инвалидитет. Како и да е, натпреварот изобилуваше со прекрасни потези, прецизни удари на гол и голмански бравури од двете страни.