НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

8Во организација на кантоналните здруженија на лицата со инвалидност од Унско-Санскиот кантон во Бих, од 29 до 31 октомври во Сански Мост по 13. пат се одржа меѓународната конференција „Да делуваме заедно“. „Мобилност Македонија“ традиционално учествува и конструктивно придонесува во работата на конференцијата, и овој пат со импресивен настап на претседателот Бранимир Јовановски на тема „Развој на социјални услуги за поддршка на лицата со инвалидност – Преглед на тековните реформи во насока на деинституционализација во Република Северна Македонија“, за успесите на деинституционализацијата и првичните резултати, во организација и полна изведба на МТСП.

По рефератот, а и после во кулоарите, имаше дискусии и согледување. Општиот впечаток е дека во С. Македонија се направени смели чекори кон решавање на оваа проблематика. За жал, такви чекори во разговорите со претставници од БиХ, Хрватска и Словенија, не се направени во регионот, па и пошироко. Во повеќето излагања имаше доктори – педијатри, невролози, физијатри, дефектолози, логопеди, тифлолози, министри и директори на установи, се пресејуваше желбата за остварување на целите. Цели кои ние делумно ги исполнивме и сега теба да ги надградиме. Со други зборови, од овие конференции има што да се слушне и научи, начинот на делување и опкружувањето е секаде речиси исто. Неопходна е примена и надградба на регулатива, и тоа стриктно. Нашата екипа составена од Бране, Софче, Нико и Горан, остави добар впечаток кај присутните и ние сме радо видени гости таму. Делуваме понатаму.