На 07.04.2019 година во во НУ Дом на културата „Бели мугри“ (мала сала ) во Кочани, со почеток во 12 часот во присуство на голем број на членови од здружението, Мобилност Кочани ја одржа првата од четирите најавени тематски работилници во рамките на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, што го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО ТЕШКА И НАЈТЕШКА ТЕЛЕСНА ИНВАЛИДНОСТ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2019 ГОДИНА
Министерството за труд и социјална политика согласно Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2019 година (Службен весник на Република Македонија бр.246/18) објавува јавен повик за поднесување на барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.
Барањето може да се поднесе од страна на лицето со инвалидност, негов родител или старател најдоцна до 30 септември 2019 година.
Барањето со потребната документација се поднесува преку надлежниот центар за социјална работа до Комисијата за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил формирана во рамки на Министерството за труд и социјална политика
На 30-31.03.2019 година, во Конгресниот Центар во Охрид се одржа шаховски двомеч помеѓу репрезентациите на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија- Мобилност Македонија и Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија.
Победи репрезентацијата на Мобилност Македонија со резултат 6,5 : 3,5 поени.
Натпреварот се играше двокружно, со темпо по играч од 1 час, на 5 шаховски табли. Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков, а составот на екипите беше следниот:
На 25.03.2019 година во кабинетот на министерот за здравство, д-р Венко Филипче, се одржа работна средба во врска со нашите активности за донесување на нов Правилник за индикциите за остварување на правото на ортопедски и други помагала, Листа на ортопедски помагала и друга пропратна документација, со кои ќе се воведат пофункционални, потрајни, поцврсти, посигурни, пософистицирани ортопедски помагала и компоненти за нивна изработка, а се со цел да се подобри личната мобилност, статиката, подвижноста и независното живеење на лицата со телесен инвалдитет, при што се подобрува и можноста за нивна непречена социјална инклузија и целосна интеграција во општеството, како и на измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување, Законот за здравствена заштита и подзаконските акти со кои ќе се обезбеди подобра здравствена заштита за лицата со инвалидност во нашата држава.