Одбележување на деновите на Параплегија и Дистрофија!
Параплегија под слоганот " НЕ Е СИЛАТА ВО ЧЕКОРЕЊЕТО ТУКУ ВО ИЗДРЖЛИВОСТА " , и
Дистрофија под слоганот "ЈАС ГИ САКАМ ЛИЦАТА СО ДИСТРОФИЈА ".
На 25 мај, со собир во 11 часоот, пред платото на порта Македонија, со дефиле по улица 11 Октомри се до ДХО Даре Џамбаз, огранокот на Параплегија и Дистрофија при Мобилност Скопје а со поддршка на Мобилност Македонија, ги одбележаа деновите на Параплегија и Дистрофија.
На Интернационалното првенство на Хановер 2019 година во стрелаштво учествуваат спортисти од 31 дрзава, меѓу кои и од 6 држави вон Европа (САД, Канада, Австралија, Кореја, Бразил, Индија).
Нашата репрезентативка и најдобра спортистка, Оливера Наковска-Бикова, денес во дисциплината Спорт пиштол на 25 метри го освои второто место и сребрениот медал.
Мобилност Штип ,на ден 14.04.2019 година(недела),во просториите на Канал 77 одржа тематска работилница на тема ,,Остеоартритис-причини,манифестации,тртмани и превенција,,.Излагач на темата беше др.Мирјана Рунчева ортопед специјалист.
Во работата на работилницата свое учество зедоа членови од скоро сите здруженија од Републиката и членови на Мобилност Штип.
Голем доприност во работата дадоа и др.ДаницаФичорска,др.Ленче Николова и др.Нико Јанков.
На поставените прашања од присутните, докторите дадоа одговори со свои видувања.Прашањата на присутните беа од темата на излагањето,но и надвор од неа а присутните беа задоволни од дадените одговори.
На 18 мај 2019 година, во организација на „Мобилност Гевгелија“ беше успешно одржана работилница на тема кинезитерапија во домашни услови при повреда на ’рбетен столб со трајни последици. „Мобилност Битола“ беше претставена со екипа од четири члена, кои активно учествуваа на настанот. Излагач на темата беше физиотерапевтот Иван Кајтазов, кој исцрпно ја посочи неопходноста од кинезитерапијата кај ваквите состојби.
Работилницата се одржа во Негорски бањи и беше поддржана од „Мобилност Македонија“, а за време на настанот беше искористено присуството на градоначалникот на Гевгелија, г-н Сашко Поцков, за да се промовира кампањата за пристапност која ја води „Мобилност Македонија“ со здружените членки.