Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, на 13.06.2015, во Спортско-рекреативнот ценатар на езерото Треска во Сарај ја организираше четвртата „Масовна средба во природа“ за лица со телесен инвалидитет. На масовниот излет присуствуваа околу 400 лица со телесен инвалидитет од 17 здруженија на Мобилност Македонија. Целта на средбата е да се промовираат правата на лицата со телесен инвалидитет и нивна целосна интеграција во општеството.
Годинава, средбата во природа беше организирана под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“, со што испративме порака до институциите на Државата дека обединети и организирани имаме сила да се избориме за нашата позиција во општеството како еднакви со другите. Тоа го правиме достоинствено, како наше право и обврска на општеството кон нас.
Во период од 04-0.06.2015 година, во Охрид беа одржани XXVII Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија на кои учествуваа преку 70 спортисти се телесен инвалидитет од 16 здруженија. Свеченото отварање на игрите се одржа на 04.06.2015 година на платото пред хотелот „МИЗО“ во Охрид, каде што беа сместени учесниците. Игрите за отворени ги прогласи претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, а на церемонијата на отварање присуствуваа и генералниот секретар на Мобилност Македонија, Софка Прчева, генералниот секретар на Македонскиот Параолимписки Комитет, Драган Дојчиноски и директорот на Центарот за ортотика и оротетика “Славеј” од Скопје, Горан Чаловски.
Во следните три дена спортистите ги одмеруваа силите во стрелаштво, пинг понг и атлетика. Се одржаа многу натпревари во повеќе категории на спортисти, а подолу во текстот можете да ги прочитате постигнатите резултати.
Во рамките на одржувањето на 27-те Републички спортски на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, на 06.06.2015 година, на помошното игралиште на спортскиот центар „Биљанини Извори“ во Охрид се одржа ревијален натпревар во мал фудбал помеѓу ветераните на ФК „Пелистер“ од Битола и екипата на „Мобилност Македонија“.
Занимлив натпревар пред малубројна публика, иако истиот заслужуваше да му се посвети поголемо внимани од срана на учесниците на игрите. По исклучително фер и коректна игра во која резултатот воопшто не беше во прв план, натпреварот заврши нерешено 5:5.
Им благодариме на фудбалерите - ветерани и на претставниците на ФК „Пелистер“ за пружената рака на поддршка, како и на нашите момчиња за залагањето, фер и коректната игра.
Во рамките на европскиот проект INVESTT на EASPD-Европска асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со инвалидност, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“, во соработка со EASPD и Центарот за обука, едукација и грижа DRAGA од Словенија, на 03.06.2015 година во хотелот „Континентал“ во Скопје организираше еднодневен настан-форум на тема „ Стручно оспособување и вработување на лица со инвалидност“.
Целта на настанот беше да се овозможи дискусија помеѓу засегнатите страни во областа на стручно оспособување и вработување на лицата со инвалидност, како и да се презентираат европските трендови и македонските искуства, практики и тековни реформски процеси во оваа област.
Воведно излагање имаше Д-р. Василка Димоска од РЦПЛИП-ПОРАКА, а потоа г-ѓа Тамара Нарат од Институтот за социјална заштита на Република Словенија имаше две презентации на теми: „Презентација на концептот на Универзален дизајн во стручното оспособување и обука“ и „Презентација на проектот INVESTT и истражувањата во рамките на проектот“.