ФФМ ја поддржа иницијативата на УЕФА „Капитени на промени“ за креирање на еднакви можности за сите во фудбалскиот свет. Како стапивте во контакт со Федерацијата и која ќе биде вашата улога во овој проект?
„Неколку фудбалски ентузијасти – членови на Мобилност Македонија наметнаа идеја во рамките на спортските активности на сојузот да се формира и фудбалски тим кој би играл ревијални натпревари, се со цел да се подигне јавната свест кај граѓаните за можностите на лицата со телесен инвалидитет. Природно беше оваа иницијатива да ја разработиме со Фудбалската федерација на Македонија и така ги инициравме и се остварија првичните контакти со Филип Поповски – генерален секретар на ФФМ и со Ирена Бакревска-Милошевска, носител на проектот „Капитени на промени“ во Фудбалската федерација на Македонија. Таа соработка во меѓувреме се интензивираше и мене ми е необично драго што за прв пат во историјата на ФИФА, дечиња со телесен инвалидитет кои за движење се користат со инвалидска количка ги придружуваа фудбалерите на еден официјален меѓународен натпревар, а тоа беше нтпреварот од квалификациите за учество на Европско првенство во Франција 2016 година, помеѓу репрезентациите на Македонија и Белорусија“.
Мобилност Македонија и Фудбалската федерација на Македонија ја продолжија соработката во Проектот „Капитени на промени“. Во рамките на проектот на 15.05.2015 беше одигран и првиот ревијален фудбалски натпревар на екипата на Мобилност Македонија против вработените во ФФМ. Прв ревијален натпревар и прва извојувана победа од 6:4. Браво момци. Тренер на екипата на Мобилност Македонија за овој натпревар беше нашиот прославен фудбалски ас, Кирил Дојцхиноски.
ФФМ ја зајакнува својата определба за поддршка и придонес кон подобро општество со проектот “Капитени на промени”. Проектот „Капитени на промени” е иницијатива на УЕФА за креирање на еднакви можност за сите во фудбалскиот свет, без разлика на полот, религијата, националната припадност или физичките способности. Фудбалската Федерација на Македонија истиот го поддржува и го имплементира во Македонија на повеќе нивоа, почнувајќи со подобрување на инфраструктурата на стадионите, едукација и активности во рамките на федерацијата и на сите клубови. Мисија на ФФМ е да привлече, чува и негува различности за одржување на фудбалската игра и радоста која ја носи овој спорт, на што еднакво право имаат сите.
Мобилност Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и општината Кисела Вода - Скопје успеа да ја реализира изградбата на 8-то инклузивно детско игралиште во рамките на Проектот кој веќе 3-та година успешно се реализира.
Претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, претседателот на Советот на општината Кисела Вода, Трајче Донев, и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, во рамките на одбележување на патрониот празник на општината Кисела Вода - Скопје, 06.05.2015 (Ѓурѓовден) ја пресекоа лентата и го пуштија во употреба инклузивното игралиште. На свеченото отварање на игралиштето поред децата со пречки во развојот од градот Скопје и нивните родители, потоа бројни граѓани од општината, присуствуваа и: Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност Македонија и Дејан Ѓорѓиевски, претседател на Мобилност Скопје и член на Управниот одбор на Мобилност Македонија. Во таа прилика на Општина Кисела Вода и го честитавме патрониот празник и им се заблагодаривме за отстапениот простор до маркетот „Тинекс“ во близина на објектот на општината,како и за изведувањето на градежните работи за уредување на просторот за поставување на специфичните справи за детските игри.
На 02.04.2015 година, во канцеларијата на Мобилност Маедонија се одржа средба помеѓу Јан Грензебах – практикант во Германска амбасада во Скоје, Клаудија Петровска, оддел за администрација при амбасадата, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар Софка Прчева.
Тема на средбата беше имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност. Во разговорот ги истакнавме проблемите со архитектонските бариери кои всушност претставуваат и најголема пречка за целосна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во општеството, бариери кои го спречуваат образованието на лицата со најтежок телесен инвалидитет и со самото тоа ги ставаат во редот на неконкурентни лица на пазарот на трудот, потоа разговаравме за квалитетот на ортопедските помагала и роковите за користење како предуслов за самостојно движење, за јавниот градски превоз, за надоместоците како компензација на инвалидноста...