Апел на Мобилност Македонија до комисиите за определување на право на инвалидска пензија
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, како инвалидска организација во која членуваат преку 7.200 лица кои имаат пречки во мобилноста поради телесна инвалидност предизвикана од параплегија, дистрофија, ампутација на екстремитет, детска парализа, церебрална парализа, мултиплекс склероза и други невро мускулни или коскени заболувања, се обрати до Секторот за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување при Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, како и до Секторот за пензиско и инвалидско осигурување при Министерство за труд и социјална политика, со апел до Комисијата за оцена на работната способност, како и до Комисијата заревизија на наод, оцена и мислење за утврдена инвалидност, односно неспособност за работа.
Драги пријатели,членови на сите македонски здруженија на лица со телесен инвалидитет,искрено се надеваме дека оваа наша 18 годишна Тортијада ви остави сладок вкус во устата, а ние струмичани ви испракаме прегратки и бакнежи надевајки дека тој сладок вкус ке ве држи се до следната Тортијада! Полнолетството на оваа Тортијада не е мала и неважна работа,пријателството и љубовта што овде се раѓаат мора и тоа како да продолжат за во иднина.Затоа пред нас организаторите претстои Духовна задача која што ке го полни со насмевки и радост нашето битие,зашто самата љубов кај лицата со посебни потреби е вистинска Револуција во нивните срца! Имам потреба да дадам еден краток осврт околу Лицата со посебни потреби зашто нашето животно искуство е на еден начин етична револуција во која АКО ПОБЕДУВАМЕ не не очекува сигурно пат послансо ружи,туку понатамошна смртна борба помегу минатото,сегашноста и иднината!Како личност,човекот со телесен инвалидитет како и секоја нормална личност поседува слободна волја,а пак таа негова волја не се изразува на создавањето нешто ново од ништо што воопшто не било,туку тој самиот треба да предизвика кај себе ВОЛЈА НА ТВОРЕШТВО која би избила од него самиот и би се совпаднала или самата во исто време би се корегирала преку моќта и волјата на Самиот Космос,којшто е,да потсетиме од збор и љубов створен да битисува ,па Кој и да бил Створителот тоа е сеедно.
На 20.11.2015 година во ДХО „Даре Џамбаз“ беше одржан работен состанок на претставници на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) со Марица Мириќ, претставник на Заедница на сојузи на лица со инвалидност на Хрватска (СОИХ). Беа разменети искуства во работењето на двете кровни организации на невладините инвалидски организации во Македонија и Хрватска, беа иницирани прашања и теми за натамошна заедничка соработка. Следи потпишување на Меморандум за соработка помеѓу НСИОМ и СОИХ, како и потпишување на меѓусебни меморандуми помеѓу членките на кровните организации. Начелно беше договорено првата следна средба на тема “Лична асистенција-искуства од Хрватска” да се одржи на почетокот на идната година, во јануари, на која колегите од Хрватска, Марица Мириќ и Мандица Кнежевиќ ќе ги претстават моделите на поддршка, законските решенија и изворот на финансиска поддршка, како пример и позитивно искуство за обезбедување на личен асистент, една од услугите која недостасува во законодавството на РМ и е неопходна за нашите членови.
Државното првенство во стрелаштво за лица со инвалидност се одржа на 18.10.2015 година на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид. Главен судија на натпреварот беше Валентина Гоџовска. На натпреварот учествуваа спортисти кои претходно учествувале на општински првенства во своите ССРИ и постигнале резултат над минимум пропишаната норма. На првенството согласно пропозициите за да се додели сет медали (златен, сребрен и бронзен), мора да учествуваат најмалку 5 натпреварувачи. Во категориите каде што учествуваа 4 натпреварувачи беа доделени златниот и сребрениот медал, а каде што се натпреваруваа 3 натпреварувачи беше доделен само златниот медал.