Во Република Македонија, согласно процентот на светската здравствена организација, се претпоставува дека околу 250.000 лица се соочуваат со некаков вид на инвалидитет. Се претпоставува дека околу 0,1% од популацијата се со потежок инвалидитет, непокретни и се движат со инвалидска количка или нешто повеќе од 2.000 лица.
Од таа причина за време на проектирање на згради, треба да се овозможи станот, заедно со непосредното опкружување (паркинг простор, рампи за премостување на надворешни бариери, лифтови за премостување на висински бариери), односно севкупниот животен простор да се испланира флексибилно како би им се овозможило на лицата со инвалидност со намалена покретливост во најголема можна мера независно и самостојно живеење, непречен пристап, движење, становање и одмор во станот на еднаква основа со другите граѓани.
Проект „Достапна администрација за лица со инвалидност“
Владата на Р.Македонија спроведе проект кој е насочен кон помош на лицата со инвалидност за ослеснување на нивната состојба и надминување на бариерите со кои се соочуваат при остварување на нивните права. Имено, во периодот од октомври до декември 2014 година беа спроведувани низа на обуки низ кои беа обучени 776 вработени лица во државната и јавната администрација и во институциите на системот, кои доаѓаат од вкупно 269 институции, со цел да се надминат бариерите со кои се соочуваат лицата со инвалидност и олеснување на нивната комуникација со државните служби за остварување на нивните права и обврски. Сертификатите беа доделени во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, а на церемонијата на доделувањето на сертификатите на обучени лица во рамки на Проектот „Достапна администрација за лица со инвалидност“ присуствуваа министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
Традиционалната новогодишна средба во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност Скопје и оваа година се одржа на 21.12.2014 година во прекрасниот амбиент на ресторанот „Бисера“ во населбата Аеродром, кој е со најадаптирани услови за лицата со телесен инвалидитет. На новогодишната средба присуствуваа гости од сите општински и меѓуопштински здруженија од Македонија, како и гости соработници и пријатели. На нашата забава присуствуваа околу 300 лица. Прекрасната музика на групата „Би-би-си“, која ги забавуваше гостите, на прави одлична атмосфера, со што дури и некои од присутните запеаја. Атмосферата беше надополнета со културно-уметничка програма на културно-уметничкото друштво Никола Јовков Вапцаров како и прекрасните АнетаНаковска, Јулија и Злате Антевски, кои беа пријатно изненадување за сите присутни.
Иницијален состанок на тема „Програма за реформи во социјалните и политиките за вработување“
На 17.12.2014 година во „Музејот на македонската борба за државност и самостојност“ во Скопје, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, учествуваше на Иницијалниот состанок по покана од Министерството за труд и социјална политика како еден од презентерите. На овој важен Иницијален состанок практично се започна креирањето на Програмата за реформи во социјлните и политиките за вработување, меѓу кои и за политиките за вработување на лицата со инвалидност. Процесот во разни фази се предвидува да трае континуирано до 2020 година.
Мартин Клауке, раководител на одделот за соработка во рамки на Делегацијата на Европската унија во Македонија, смета дека оваа програма ќе ја приближи Македонија кон Унијата и дека ќе овозможи економскиот раст да се фокусира кон зголемување на вработувањето. Тој смета дека со заедничка работа во текот на следните години на спроведување на потребните реформи и обид Р.Македонија да ги исполни сите цели потребни за пристапување кон ЕУ, програмата може да стане важна алатка за справување со невработеноста, да обезбеди социјалната инклузија, како и да придонесе за подобрување на целокупната состојба на граѓаните и ќе овозможи поголем пристап на Мкаедонија до фондовите на Унијата.