На 04.04.2016 година во Музејот на македонска борба беше одржана прес конференција за промоција на вториот гранд за самовработување на лицата со инвалидност на која присуствуваа заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, Директорот на СВРМ Влатко Поповски и претседателите на националните сојузи на лица со телесен инвалидитет Бранимир Јовановски, на слепи Жарко Селковски и на глуви Васко Марковски.
Сите заинтересирани лица со инвалидност кои се работоспособни од 04.04.2016 година ќе можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен бизнис во висина од 270 илјади денари. Дополнително, тие ќе можат да вработат уште најмногу две лица, за кои ќе добијат по 92.000,00 денари. Овие лица може, но не мора, да бидат со инвалидност. Средствата од грантот се наменети за опрема и материјали. За адаптација на работното место на лицето со инвалидност АВРМ ќе им исплати и дополнителни 100 илјади денари, а девет месеци по отворањето на бизнисот, доколку правното лице уплаќало придонеси и плати ќе може да аплицира за неповратни средства во висина од 20 просечни плати, согласно Законот за вработување на инвалиди.
На 20.02.2016 година во Скопје до ДХО „Даре Џамбаз“ се одржа седница на редовно годишно Собрание на Мобилност Македонија со следниот дневен ред:
1. Разгледување и усвојување на записникот од Конститутивната седница на Собранието на Мобилност Македонија одржана на 28.02.2015 година
2. Разгледување и усвојување на Извештајот за работа на Мобилност Македонија за 2015 година;
3. Разгледување и усвојување на Извештајот од Надзорниот одбор за извршената контрола врз материјално-финансиското работење на Мобилност Македонија во 2015 година и Разгледување и усвојување на Извештајот за финансиско и материјално работење на Мобилност Македонија за 2015 година
4. Разгледување и усвојување на Извештаите од комисиите за попис на средствата на Мобилност Македонија;
5. Донесување Програма за работа на Мобилност Македонија за 2016 година;
6.Донесување Финансов план за потребните средства за работа на Мобилност Македонија за 2016 година;
7. Донесување одлука за состојбата со здружението Мобилност Охрид 1988;
8. Прашања и предлози
На 05.02.2016 година претставниците на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ) во кој што членуваат седум национални сојузи на лицата со инвалидност: Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија Мобилност, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака, Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, т.е. Македонскиот олимписки комитет и Националниот сојуз на инвалиди на трудот на Република Македонија, остварија работна средба со Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.
На 04.02.2016 година, во Порта Македонија со почеток во 12 часот и во присуство на членови од скоро сите здруженија на Мобилност Македонија, академски сликари, наши членови - талентирани сликари, претставници на организацискиот одбор на ликовната колонија, жири комисијата за литературни творби при Мобилност Македонија, потоа претставни на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, претставници на националниот сојуз РЦПЛИП-Порака, електронски и пишани медиуми...., беше одржана изложба на 53 уметнички дела изработени на шестата меѓународна колонија која беше одржана во месец април 2015 година во Охрид. Водител на манифестацијата беше Ѓорѓи Калајџиев, изложбата со пригоден говор ја отвори претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски.