Претставници на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, Софка Прчева и Горан Спасов на 10.10.2018 година, во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија одржаа работен состанок со Комисијата за ортопедски помагала предводена од д-р Вера Митровска.
На состанокот се дискутираше во врска со нашите барања за измена и дополнување на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала, беше рефериран прогресот во однос на изготвените анализи, поднесените иницијативи за промена на Закон за здравствено осигурување со кој ќе се ублажат критериумите за континуитет и можноста за доплата на ортопедско помагало над референтна цена, за делови за изработка на ортопедски помагала, за критериуми за инвалидски колички и слично.
Делегација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија во состав Софка Прчева генерален секретар на сојузот, и членовите на Управниот одбор на сојузот Дејан Ѓорѓиевски и Горан Здравков од 1 до 3 октомври во Сански Мост, Босна и Херцеговина учествуваше на 12.Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидитет.
Конференцијата се одржува во рамките на кампањата „Да делуваме заедно“ а во организација на Координациониот одбор на кантоналните здруженија и Сојузот на лицата со инвалидитет на Унско-Санскиот кантон. На конференцијата со презентации на тема учествуваа претставници од Федералното министерство за труд и социјална политика на БИХ, претставници од Фондот за профелионална рехабилитација и вработување на лицата со инвалидитет на Федерацијата на БИХ, претставници од Народниот правобранител, како и делегации од државите во регионот: Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.
Во организација на Сојузот на Параплегичари, заболени од детска парализа и останати телесни инвалиди Република Српска, одржан е 11. Меѓународен шаховски турнир на параплегичарите и 15. Републичко првенство на параплегичари "Бања Лука 2018" во период од 21.09 до 23.09.2018 година.
Учество заземаа следните тимови:
1. Тим на Република Српска - Бања Лука
2. Тим Федерација Босна и Херцеговина
3. Тим на Округот Брчко
4. Тим на Република Србија
5. Тим на Македонија
6. Тим на Словенија
Првопласираните-квалификувани на државното првенство во атлетика при сојузот на Мобилност Македонија(Гоце Миновски,Елена Давитковска,Златко Арсовски,Зоран Јовановски) оваа година беа учесници на 49 меморијален меѓународен натпревар- Професор Бојан Хроватина(заслужна личност која ја поставил основата на натпреварувачкиот дух на параплегичарите во р.Словенија).Натпреварот се одржа на 8 септември на атлетскиот стадион во Цеље на кој покрај домаќините учество земаа повеќе здруженија од земјите на Балканот.Нашите учесници се прикажаа во одлично светло и го финишираа своето учество со освоени неколку медали и пласман во повеќе атлетски дисциплини и тоа;