ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА: Подигање на нивото на јавната свест за архитектонските бариери во опкружувањето кои целосно ја попречуваат инклузијата на лицата со телесна попреченост во сите пори на општествениот живот.
Лајтмотив на кампањата: е ангажирање на јавноста преку предизвик за снимање кратко креативно видео под наслов "Оди со мене" на тема пристапност.
На средбата со претставниците на Националниот совет на инвалидските организации по повод Светскиот ден на лицата со попреченост претседателот Стево Пендароски најави дека нема да потпише указ на Законот за градба доколку во него не се вградат забелешките на лицата со попреченост, а една од нив е одредбата секоја нова градба да има пристап за инвалиди.
На средбата, претставниците на Националниот совет на претседателот Пендаровски му ги укажаа проблемите и предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат. Пред сѐ, ја посочија непристапноста на објектите, недостапноста до образованието, невработеноста на лицата со попреченост, ниските надоместоци од државата, недостиг на соодветни помагала.
Во насока на подобрување на дел од состојбите, претседателот Пендаровски искажа ветување дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за градба доколку во него не се имплементирани главните сугестии на лицата со попреченост, а коишто предвидуваат новите објекти да бидат пристапни за лица со попреченост.