НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

ukimНационалниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија побара од Ректоратот на УКиМ Скопје толкување на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, објавена во Универзитетски гласник бр. 199 од 03.02.2012 година со која во член 5 се носи измена со која се вели: „Во членот 322, став 2, зборовите „да студираат без плаќање партиципација и кофинансирање на студиите” се заменуваат со зборовите: „на дополнителни испитни рокови за завршно оценување”.“

Дел од нашите членови се во период на оформување на своето образование на некој од факултетите во состав на УКиМ и од пред извесно време се најдоа засегнати од Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на УКиМ објавена во Универзитетски гласник бр. 199 од 03.02.2012 година.

Имено, Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на 29. седница одржана на 28.12.2010 година, на 35. седница одржана на 23.6.2011 година и на 38. седница одржана на 30.11.2011 година, донел Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, објавена во Универзитетски гласник бр. 199 од 03.02.2012 година со која во член 5 се носи измена со која се вели: „Во членот 322, став 2, зборовите „да студираат без плаќање партиципација и кофинансирање на студиите” се заменуваат со зборовите: „на дополнителни испитни рокови за завршно оценување”.“

Со оглед на тоа дека во овој член се зборува за ослободување од обврската за плаќање партиципација и кофинансирање на студиите, а не за испитни рокови, ова измена доведе повеќе наши членови до забуна и нејаснотија за што всушност се однесува? Дали со истата им се укинува правото да студираат без плаќање на партиципација и кофинансирање на студиите, со што се кршат одредбите од Законот за високо образование од член 87 став 3 каде се вели дека: Високообразовната установа нема да наплатува партиципација за деца без родители, лица од прв и втор степен на инвалидност, воени инвалиди и лица растени во домови за напуштени деца, или пак измената се однесува на некој друг член од Статутот на УКиМ, а по грешка е наведен членот 322 став 2?  Секако очекуваме позитивен одговор во корист на нашите членови, особено што учебната 2012/2013 година ниеден наш член немал проблем со остварувањето на правото на студирање без плаќање партиципација и кофинансирање на студиите.