НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

ng11Традиционално новогодишна средба во организација на здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност Скопје и оваа година се одржа на 22.12.2012 година во прекрасниот амбиент на ресторанот Бисера во населбата Аеродром, кој е со најадаптирани услови за лицата со телесн инвалидитет. На новогодишната средба присуствуваа гости од сите општински и меѓуопштински здруженија низ Македонија, како и гости, соработници и пријатели. На нашата забава присуствуваа околу 350 лица. Одличната атмосфера и прекрасната музика на групата ДоРеМи ги забавуваше присутните.

На оваа манифестација на присутните им се обрати претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет н Македонија Мобилност Македонија г. Бранимир Јованоски како и претседателот на Мобилност Скопје г. Дејан Ѓорѓиески кој во своето обраќање ги поздрави присутните и им посака успеси во новата година. По традиција во рамките на новогодишната средба се прогласи и спортист на годината за 2012 година. Признанијата за најдобар спортист оваа година им припадна на нашите тројца најдобри спортисти Олга Ристевска, Мирослав Бучевски и Трајче Стојановски. Признанијата и скромните подароци им беа врачени од нашата најдобра спортистка златната Оливера Наковска Бикова која на параолимписките игри во Лондон го освои златото и не направи најгорда нација. Покрај признанија за најдобрите спортисти оваа година беа врачени и признанија за најбистртите умови на Мобилност Скопје, победниците на републичкиот натпревар во знаење, членовите на екипата Скопје 1: Томислав Попов, Билјана Димовска и Владимир Дојчиновски.

На новогодишната прослава не удостои со свое присуство и кралицата Есма која беше дојдена со свои соработници од здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ со кое Мобилност Скопје потпиша меморандум за соработка.

Прекрасната атмосфера и одличното расположение меѓу присутните беше очигледно. Дружењето не изостана како и искрените желби за подобра и поуспешна 2013 на сите. Еве дел од одличната атмосфера низ фотографии.

СРЕЌНА НОВА 2013 ГОДИНА!