НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Logo

Почитувани членови,

Министерството за труд и социјална политика на 24.07.2012 година остварило работен состанок со претставници на Министерството за здравство и Комисиите за издавање на Наод и Мислење за лица со попреченост:

-  Ј.З.У. Завод за физикална медицина и медицинска рехабилитација, Скопје, (за остварување на право на мобилност)

- Служба за ментално здравје на деца и младинци при Ј.З.У. Здравствен дом - Скопје, (за остварување на право на слепило)

- Служба за ментално здравје на деца и младинци при Ј.З.У. Клиничка болница Битола, (за остварување на право мобилност и слепило)

- Ј.З.У. Клиничка болница-Тетово (за остварување на право на мобилност и слепило)

- Ј.З.У. Здравствен дом- Штип, (за остварување на право на мобилност и слепило) 

На состанокот биле донесени следните заклучоци:

1. Сите баратели за остварување на овие права да се испратат на некоја  од горенаведените Kомисии во зависност кое право треба да се оствари.

2. Комисиите се должни точно да ја наведат дијагнозата во наодот и да заокружат дали лицето може или не може да го оствари бараното право.

3. Правото на остварување на посебниот додаток за мобилност и слепило се остварува од денот на поднесување на барањето.

4. Истовремено Ве известуваме дека ова право може да го остварат и лицата кои што се сместени и во постојните установи за социјална заштита.

На Мобилност Македонија останува во наредниот период да се искоординира со министерството за следното:

1.Да се официјализира со посебен допис работата на комисиите;

2.Да се донесе одлука дали подносителите на барањата ќе одат на комисија самоиницијативно, или со посебен допис ќе бидат известени од Центрите за социјални работи за термини кога да се јават на комисија;

3.На чиј терет ќе бидат трошоците од прегледот, на министерството или на подносителите на барањата.

Очекувам овие дилеми да ги разрешиме до средината на следната недела за што повторно ќе ве информирам.