На 24-25.05.2025 година, во хотелот "Конгресен Центар" во Охрид, во организација на Мобилност Макединија и соорганизација со Параолимписки комитет на Северна Македонија, се одржа 37. Државно првенство на лица со телесен инвалидитет на Македонија на кое настапија 20 шахисти од здружените членки и една гостинка од Бања Лука.
Во фер и коректна борба, првото место го освои Јанчо Ѓорѓевски од Куманово со 6,5 поени (од 7 можни), второто Горан Војновски од Кочани со 5,5 поени, третото Александар Стојчески од Скопје со 5 поени.
Натпреварот беше организиран со финансиска поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади за спроведување на програмските активности за 2025 година.