НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија – Мобилност Македонија, ги повикува своите членови и лицата со телесен инвалидитет кои имаат потреба од следните додатоци на ортопедски помагала, да се пријават на отворениот повик:

  • електричен додаток за движење на инвалидска количка (Electric Wheelchair Handcycle);
  • инвалидска количка на електромоторен погон.
  • електромоторна количка -скутер

 

Право да поднесат барање имаат членовите на Мобилност Македонија и други лица со телесен инвалидитет од 18-65 годишна возраст, кои ги исполнуваат медицинските индикации согласно Правилникот за индикациите за оставрување на право на ортопедски и други помагала, а неможат да го остварат правото преку ФЗОРСМ.

Лица кои претходно од сојузот добиле некое од наведените помагала во последните 5 години, немаат право на пријавување. Предност имаат лицата кои досега го немаат остварено ова право.

Кон барањето треба да се достави документација:

- Наод, оцена и мислење од надлежен орган или Конзилијарно мислење за функционален статус (ортопед, физијатар и невролог);

- Потврда од УЈП за примањата на барателот за минатата година;

- Потврда од здружението, доколку е активен во работата на органите и телата на здружението или ангажиран во спроведување на програмските активности;

- Мислење од специјалист невролог дека лицето е способно самостојно и безбедно да ја управува инвалидската количка на електромоторен погон, инвалидска количка-скутер  или електричниот ортопедски додаток;

- Потврда од Агенција за вработување дека лицето е невработено;

- Фотокопија од лична карта со која се потврдува возраста;

- Податоци за контакт, број од мобилен телефон и мејл адреса.

Јавниот повик ќе важи 15 дена од денот на објавување.

Барањето со целокупната потребна документација треба да се испратат по пошта на адреса: Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија - Мобилност Македонија, ул.„11 Октомври“ бр.42а, Скопје,  или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Некомплетните документи како и ненавременото доставени барања, Комисијата  нема да ги разгледува.

Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет

на Северна Македонија – Мобилност Македонија