На 30.10.2024 година во салата "Борис Трајковски" во Собранието на РСМ, со почеток во 11:00 часот се одржа конститутивна седница на Интер партиска парламентарна група за правата на лицата со инвалидност. На конститутивната седница се обрати г. Африм Гаши - претседател на Собранието на РС Македонија, г-дин Никола Мицевски - претседавач на ИППГ, г- дин Јован Митрески и г-ѓа Весна Бендевска. По излагањата на пратениците, обраќање имаа и лицата со попреченост во насока на нивните очекувања и нивните видуавања за процесите во поглед на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
Во текот на овие дваесет години од своето постоење, ИППГ со својата работа стана препознатлив синоним за промовирање и унапредување на правата на лицата со попреченост.
Визијата за формирање и постоење на една ваква група беше таа да претставува спрега помеѓу организациите на лица со инвалидност и власта, гласноговорник кој ќе ги артикулира потребите на заедницата со попреченост пред народните избраници, и ќе помогне тие потреби да се вообличат во конкретни законски одредби кои ќе гарантираат остварување на правата и креирање на услови за еднакви можности.