НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

001На 28-29.10.2023 година, во хотелот "Конгресен Центар" во Охрид, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија - Мобилност Македонија, во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, се одржува 35. Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија, на кое учествуваат 21 шахист од нашата држава и двајца учесници од Бања Лука.
Првенството помина во фер и коректна борба, сите недоразбирања беа решени од страна на судијата Тони Пајдаков, брзо и согласност со правилата на играта, но понекогаш со посилни емоции од страна на натпреварувачите заради желбата за освојување на што е можно повеќе поени кои носат и подобар пласман на табелата.
Првото место го освои Даниел Нунески од Охрид со освоени 6 поени (од седум можни), второто Горан Војновски од Кочани со 5,5 поени и третото Јанчо Ѓорѓевски од Куманово со освоени 5 поени. Првопласираните 10 спортисти (во овој случај 12 заради гостите од Бања Лука) се стекнуваат со директен пласман за следното државно првенство.
Средства за ова првенство се обезбедени преку Министерството за труд и социјална политика.