НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

001„Слобода, еднаквост и правда за сите"
По покана од Канцеларијата на ОН во Република Северна Македонија по повод денот на ОН, претставниците на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и Совка Прчева, на 24.10.2023 година во хотелот Александар Палас учествуваа на Годишната конференција на ОН за 2023 година под наслов „Слобода, еднаквост и правда за сите“.
Конференцијата ја отвори Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија.
На ова конференција, претставниците на ОН во Северна Македонија ги здружија силите со националните и меѓународните партнери за унапредување на еднаквоста и човековите права по повод Денот на OН и 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права (УДЧП) кои се од суштествено значење за одржлив, правичен и инклузивен развој.
Со оглед на тоа што преостануваат уште седум години за спроведување на Агендата 2030, треба да застанеме и да размислиме дали сме сториле доволно за да ги постигнеме Целите за одржлив развој (ЦОР) низ призмата на човековите права. Треба да се запрашаме дали правиме сè што е во наша моќ за сите луѓе да имаат еднакви права и достоинство, што претставува камен-темелник на Универзалната конвенција за човековите права (УКЧП). Затоа што луѓето и нивните неделиви и еднакви права се клучни за остварување на ЦОР.
Конференцијата промовира дијалог со цел да се изнајдат подобри начини за справување со дискриминацијата, погрешните информации, дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза помеѓу претставници од Собранието, Владата, институциите за човекови права, академската заедница, медиумски работници, граѓанското општество, ОН и партнерите кои ѝ даваат поддршка на земјата кон нејзиниот забрзан напредок кон ЦОР и пристапувањето кон ЕУ.
Од 10:05 - 11:00 часот се одржа Панел 1: Справувањето со дискриминацијата како двигател за развој на кој говореа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир, претставникот на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, заменик јавен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа и членот на Конисијата за превенција и заштита од дискриминација, Игор Јадровски.
Продолжената криза и понатаму ги влошува нееднаквостите, дискриминацијата, социјалната исклученост и наративите кои водат кон подвоеност на општеството. Северна Македонија презеде важни чекори за донесување закони и справување со дискриминацијата. Сепак, сè уште постојат предизвици - многу луѓе немаат ист пристап и не уживаат еднакви права, особено оние поединци и групи кои се ранливи.. На овие теми говореа панелистите:
-Како да се премости јазот помеѓу политиките и праксата
-Двете страни на истиот медал - нееднаквост, структурна дискриминација наспроти развој
-Вклученост, социјална правда, економија што ги унапредува човековите права
-Перспективата на родот, возраста и попреченоста е клучна за сите аспекти на развојот.
Од 11:30 – 12:30 часот се одржа Панел 2: Од погрешни информации и дезинформации преку лажни вести до говор на омраза и насилство.
Погрешните информации, дезинформациите и говорот на омраза, особено на социјалните мрежи и дигиталните платформи, се во подем. Не само што влијаат врз слобо дата на мислење и изразување, туку тие можат да бидат опасни и да повредат.
-Заемно дејство и последици од овие широко распространети појави
-Стратегии и пристапи за спречување - образование, подигање свест, дигитална писменост
-Што можеме да направиме со цел да ставиме крај на говорот на омраза што доведува до насилство, особено кон најранливите категории.
На овие теми говореа: Славица Грковска, заменик премиер, Џулиа Смит, заменик амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, пратеник, Биљана Настеска Каланоска, Асоцијација на новинари на Македонија, Афродита Шаља Плавјанска, канцеларија на УНФПА и Искра Хаџи Василева, основно обвинителство.