НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

020Од 02-08.10.2023 година, во Охрид, под покровителство на Мобилност Македонија од средствата обезбедени од финансирање на програмските активности за 2023 година од Министерството за труд и социјална политика, се одржува 12. Меѓународна ликовна колонија на која заеднички творат нашите талентирани членови и ликовни уметници Роза Мојсовска и Тома Димовски, со петнаесет ликовни уметници од Србија и Северна Македонија: Проф. Зоран Јакимовски, Петар Попчев, Доне Мајновски, Димитар Димитров, Јоана Арсовска, Емилија Тоциновска, Стојче Тоциновски, Живко Пренџов, Клара Томиќ Касаш, Станислава Летиќ, Љиљана Недељков, Ана Фафулиќ, Јасмина Пајовиќ, Жарко Ѓукиќ и Светлана Мориц Миладиќ.
Токму учеството на ова наша манифестација во минатото беше инспирација за нашиот член Тома Димовски да се запише, а подоцна и да дипломира на Академијата за ликовни уметности при УКИМ, а потоа и да заврши мастер студии.
Во пријатна атмосфера на спонтано дружење и взаемна комуникација меѓу учесниците на колонијата, дополнета од пријатното милување од топлината на октомвриско сонце, и бескрајната убавина и инспирација што несебично ја емитира прекрасното и единствено Охридско езеро, се нижат делата во живописен колоритет кои уметниците ќе им ги остават како трајна вредност на Мобилност Македонија.