НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

002Од 08-10.09.2023 година во Ново Место и во Семич, Словенија, се одржува 33 Државно првенство во атлетика за параплегичари на Словенија и 54. меморијал проф. Бојана Хроватина, на кој учествуваат спортисти од Словенија, Чешка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија.
Мобилност Македонија на овој натпревар го претставува спортистката Елена Давитковска, која во класа Ф54 го освои првото место, нејзината мајка Весна Давитковска како придружник и претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски кој оствари работна средба со претседателот на Сојузот на параплегичари, Дане Кастелиц, потоа со Грегор Грачнер одговорно луце во АБА ВИЛ ЛИГА во кошарка во колички, како и прославените словеначки спортисти параплегичари, Јоже Окорен и Јанез Худеј.
Честитки за Елена за постигнатиот резултат. На овој натпревар требаше да учествуваат и нашите спортисти: Зоран Јовановски Ф55, Златко Арсовски Ф55 и Гоце Миновски Ф56, но истите го откажаа учеството од лични причини и зафатеност.