НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1 5Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, на 13.06.2015,  во Спортско-рекреативнот ценатар на езерото Треска во Сарај ја организираше четвртата „Масовна средба во природа“ за лица со телесен инвалидитет. На масовниот излет присуствуваа околу 400 лица со телесен инвалидитет од 17 здруженија на Мобилност Македонија. Целта на средбата е да се промовираат правата на лицата со телесен инвалидитет и нивна целосна интеграција во општеството.

Годинава, средбата во природа беше организирана под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“, со што испративме порака до институциите на Државата дека обединети и организирани имаме сила да се избориме за нашата позиција во општеството како еднакви со другите. Тоа го правиме достоинствено, како наше право и обврска на општеството кон нас.

Мобилност Македонија во оваа прилика им се заблагодарува на  спонзорите и подржувачите на средбата: најнапред на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој заедно со својата служба се погрижија да обезбедат бесплатен автобуски превоз за нашите членови и тоа 3 автобуси од внатрешноста на Република Македонија и 2 автобуси од Скопје за членовите на Мобилност Скопје, потоа на „Кватро“ Куманово за даруваните освежителни пијалоци, на медицинската екипа од Скопје која се грижеше за здравјето на учесниците на манифестацијата, на активистите од Црвен Крст на Град Скопје, на „Медикус Хелп“ за презентацијата на ортопедски помагала, на новинарката Виолета Софкарвска од МРТ која со својата екипа (камерман и тон мајстор) ја овековечи средбата преку снимени кадри и интервјуа со нашите членови за емисијата „Петтиот Ангел“, на новинарите од ТВ „Алфа“, на Проф. Д-р Горан Никовски и неговите колеги, професори по физичко образование, за обезбедени рекреативни содржини за членовите, и секако на нашите членови кои во голем број присуствуваа на манифестацијата и ги споделија со нас своите импресии, но и потреби.

Средбата помина во исклучително добро расположение, дури и времето не послужи (повторно беше најжешкиот ден во изминатиот дел од годината), а јас посакувам и во иднина да се сретнуваме на манифестации во оргаизација на Мобилност Македонија во добро здравје и расположение, да ги здружиме силите и да се избориме за подобар и посодржаен живот на лицата со телесен инвалидитет во Република Македонија.