НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1 1Мобилност Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и општината Кисела Вода - Скопје успеа да ја реализира изградбата на 8-то инклузивно детско игралиште во рамките на Проектот кој веќе 3-та година успешно се реализира.

Претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, претседателот на Советот на општината Кисела Вода, Трајче Донев, и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, во рамките на одбележување на патрониот празник на општината Кисела Вода - Скопје, 06.05.2015 (Ѓурѓовден) ја пресекоа лентата и го пуштија во употреба инклузивното игралиште. На свеченото отварање на игралиштето поред децата со пречки во развојот од градот Скопје и нивните родители,  потоа бројни граѓани од општината, присуствуваа и: Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност Македонија и Дејан Ѓорѓиевски, претседател на Мобилност Скопје и член на Управниот одбор на Мобилност Македонија. Во таа прилика на Општина Кисела Вода и го честитавме патрониот празник и им се заблагодаривме за отстапениот простор до маркетот „Тинекс“ во близина на објектот на општината,како и за изведувањето на градежните работи за уредување на просторот за поставување на специфичните справи за детските игри.

Целта на проектот „Изградба на инклузивни детски игралишта во секоја општина“ е дечињата со пречки во развојот од најрана возраст да се дружат во детската игра со останатите дечиња, а родителите и другите роднини кои се грижат за нив да го подигнат нивото на општата свест за разбирање за различностите, како и овозможување на потполна социјализација и инклузија во општеството на децата со пречки во развојот и лицата со инвалидност. Детските игралишта се првиот чекор кон потполната инклузија, понатаму се потребни пософистицирани ортопедски помагала, премостување на архитектонските бариери во опкружувањето, особено во училиштата како би можеле децата со пречки во развојот да се едуцираат и во догледно време да станат поконкурентни на пазарот на трудот.