НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

20150312 123240 1

На 23.12.2014 година, во просториите на Фудбалска федерација на Македонија  беше одржан работен состанок на кој што беа поставени основните темели за понатамошна соработка помеѓу ФФМ и Мобилност Македонија. На состанокот присуствуваа: Филип Поповски - генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Бранимир Јовановски - претседател на Мобилност Македонија, Драган Дојчиновски -генерален секретар на Македонскиот параолимписки комитет, Бобан Јордановски и Никола Делов (членови на органи на Мобилност Македонија) кои ја запозна фудбалската федерација со застапеноста на „најважната споредна работа“  и двата типа на фудбалски средби  за лица со инвалидтет каде има натревари за  слепи (Ф5а) и фудбал за лица со церебрална паралза (Ф7а). Идејата е да се формира национална селекција на лица со телесен инвалидитет и во ова фаза на пионерски чекори  до сега  во сојузот има пријавено 15 фудбалери.  Планирано е на терените во спорскиот центар „Петар Милошевски“ во комплексот „Куќа на Фудбалот“ да се одигра ревијален натревар со цел да се подигне и зголеми свеста за лицата со инвалидност. По завршувањето на состанок беа донирани 15 комплети на спортска опрема (Маици, шорцеви и тренерки) и 4 фудбали за футсал.

На работниот состанок стана збор и за пристапот на на лицата со ивалидитет до спортските терени, каде што новиот прокет УЕФА од програмата „Хет-трик четири“ го предвидува и овој дел во мега проектот за реконструкција и модернизација на стадионите во четирите  домашни фудбалски центри, Битола, Прилеп, Тетово и Штип.

„Активноста „Капитени на промени“ вклучува низа УЕФА проекти кои се одржуваат во голем број од европски земји каде учесниците се стремат кон развој на проекти за различност и инклузија во фудбалскиот менаџмент. „Капитени на промени“ е токму таков проект кој што се однесува на креирање на непречен пристап за лицата со инвалидитет на стадионите во Македонија, непречено тренирање, како и можноста за поттикнување на натпреварувачкиот дух и развојот на пријателства. Фудбалот е спорт за сите и треба да е достапен за секого. Наша одговорност и обврска е да чекориме кон европските стандарди. Искрено се надеваме дека нашите скромни чекори за некого ќе значат скок до трибина. Таму заедно ќе се забавуваме и уживаме во фудбалската игра.“ – истакна генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

На 12.03.2015 година, во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ се одржа вториот работен состанок на кој присуствуваа претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева, генералниот секретар на Македонскиот параолимписки комитет, Драган Дојчиноски, и 11 од вкупно 15 пријавени наши членови за состав на екипа во футсал, како и Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалска федерација на Македонија и Ирена Милошевска проект менаџер во федерацијата на која средба беше промовирана и првата заедничка манифестација на која ревијално, на почетокот на месец мај годинава, ќе се одигра натпревар помеѓу нашите спортисти и вработените во ФФМ, на теренот на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Истиот ден претседателот Јовановски, пред вработените во ФФМ, ќе одржи едукативна трибина за правата и изедначување на можностите на лицата со инвалидност, за специфичните потреби за спортивање на лицата со инвалидност во различни спортови, за специфични потреби за присуство на стадионите на лицата со инвалидност како гледачи (рампи, тоалети, седишта и платформи на трибините), како и за успесите кои ги постигнуваат лицата со инвалидитет од РМ на меѓународно ниво афирмирајќи ја Република Македонија во светот. Трибината ќе биде одржана во просториите на ФФМ, со интенција слични трибини во блиска иднина да се одржат и со претставниците од клубовите од првата и втората македонска лига. Исто така ги презентиравме стандардите кои се потребни за пристапност на лицата си телесен инвалидитет во однос на рампи, седишта, платворми, тоалети...и добивме ветување дека во најскоро време ќе се започне со адаптација на 4 стадиони од клубовите од прва лига, а подоцна и на стадионите на сите клубови од прва и втора лига.

Исто така, во следната фаза на соработка, ФФМ ќе определи лица во клубовите кои ќе бидат задолжени да им бидат сервис на лицата со инвалидност во однос на набавка на карти и сместување на стадионите за време на одигрување на домашни и меѓународни фудбалски натпревари, како клубски така и репрезентативни.

На 31.03.2015 фудбалскиот тим на Мобилност Македонија одржа прв заеднички тренинг на терените на спортскиот комплекс „Куќа на фудбалот“ во Скопје под раководство на професионален тренер обезбеден од ФФМ. Тие ќе ги продолжат тренинзите во своите градови и се надеваме дека на почетокот на месец мај ќе имаме успешна промоција на нашиот сојуз на закажаниот натпревар со вработените во ФФМ.

Мобилност Македонија сака да им се заблагодари на разбирањето и големата поддршка на Фудбалската федерација на Македонија, со надеж дека нашата соработка ќе резултира со многу заеднички проекти во интерес на нашето членство.

{gallery}ffm{//gallery}