НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Logo            Управниот одбор на Мобилност Македонија, на седницата одржана на 10.03.2015 година, за реализација на програмските активности ги утврди следните рокови:

1, Рокот за поднесување молби за користење на апартманите за одмор и опоравок во Охрид е од 01.04. до 15.04.2015 година.

2, Репрезентативниот и новиот апартман имаат право да ги користат членовите на Управниот одбор,  Собранието на Мобилност Македонија и членовите на одделните Комисии.Рокот за поднесување на молбите за користење на овие апартмани е од 01.04. до 30.04.2015 година.

3, 27-те Републички спортски игри на Мобилност Македонија ќе се одржат од 4  до 7 јуни 2015 година во комплекс хотелите „Мизо“ во Охрид.Рокот за поднесување на екипите со натпреварувачите дополнителни ќе биде соопштен.

4, 21-те Републички Квиз натпревари ќе се одржат на 24 и 25 октомври, во хотел „Цар Самуил“ во Банско Струмица. Квалификационите натпревари во здруженијата ќе се одржат на 10.09.2015 година со почеток во 17часот. Прашањата ќе бидат доставени во канцелариите на здруженијата по електронски пат во 16,30ч., а одговорите на прашањата во 18ч..Здруженијата резултатите од квалификациониот натпревар со записник треба да ги достават до сојузот исто така по електронски пат најдоцна еден час по завршување на натпреварот.

5, 21-те Музички средби на Мобилност Македонијаќе се одржат во рамките на одржувањето на струмичкото културни лето ОПЕН ФЕСТ СТРУМИЦА, кој оваа година ќе се одржи од 6 до 16 август на плоштадот во Струмица.   Рокот за доставување на демо снимката е 30.06.2015 година.Музичката изведба треба да е снимена акапела без придружни вокали и мизика.

6, Државното првенство на Мобилност Македонија ќе се организира последниот викенд од месец септември или првиот викенд од месец октомври. Местото на одржување ќе се утврди дополнително. Рокот за пријавување на учесниците на шаховското првенство е 01.09.2015 година.

7, Објавен е повик за организирање на тематски работилници во месец април, мај и октомври. Рокот за поднесување на предлозите за организирање на тематска работилница се 31.03.2015, 30.04.2015 и 30.09.2015 година. Во барањата да се наведе насловот на тематската работилница и предавачите.

8, Рокот за поднесување програма за одбележување на 4-ти Декември, Денот на лицата со телесен инвалидитет е 01.09.2015 година.

9, Тортијадата во организација на Мобилност Струмица ќе се одржи на 24 октомври 2015 година во хотел „Цар Самуил“ Банско Струмица.

10, 21-те Литературни средби ќе се одржат на 02.12.2015 година во Скопје. Рокот за поднесување на литературните творби е 01.10.2015 година. Секој учесник има права да учествува со една творба, потпишана со шифра.

11, 4-тата масовна средба во природа ќе се организира во Скопје во СРЦ „Треска“ на Езеро Треска на 13 или 20 јуни 2015 година.