РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ
Врз основа на член 5 став (1) од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година (“Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.36/26), Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини
oбјавува
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување на потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година
Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 (“Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.36/26) (во натамошниот текст програма), Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (во понатамошниот текст: Министерство) доделува финансиска поддршка преку потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5kW кој има најмалку енергетска класа А+ (во понатамошниот текст: потврда – ваучер) на:
1.домаќинство со едно или повеќе лица корисници на надоместок заради попреченост, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данокот на личен доход на членовите на домаќинството во 2025 година не го надминувал износот од:
- 30.000,00 денари за едночлено домаќинство,
- 45.000,00 денари за домаќинство со два члена,
- 63.000,00 денари за домаќинство со три члена и
- 83.000,00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го надоместокот заради попреченост согласно Законот за социјалната заштита и
2. домаќинство со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток до 26 години, согласно член 32 од Законот за заштита на децата, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данокот на личен доход на членовите на домаќинството во 2025 година не го надминувал износот од:
- 45.000,00 денари за домаќинство со два члена,
- 63.000,00 денари за домаќинство со три члена и
- 83.000,00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го посебниот додаток согласно Законот за заштита на децата.
При пресметка на вкупниот доход на домаќинството кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно со Законот за данок на личен доход, надоместокот заради попреченост, не се засметува при пресметката на вкупниот нето доход на домаќинството. За ранлив потрошувач од точка 1 и 2 од овој јавен оглас не се смета лице кое што го користи правото на цивилна или воена инвалиднина. За ранлив потрошувач од точка 1 од овој оглас не се смета лице ако со решение на центарот за социјална работа подолго од 30 дена е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита, згрижувачко семејство, организирано живеење со поддршка или во здравствена или друга установа за периодот додека трае сместувањето.
Согласно со член 4 од Програмата, барателите од категориите од точка 1 и 2 од овој оглас се стекнуваат со потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уред.
Доделувањето на потврда – ваучер го врши Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата за секоја од категориите наведени во точката 1 и 2 од овој оглас, се до исцрпување на предвидените средства согласно Програмата .
На ранливите потрошувачи на енергија согласно Програмата коишто користат гарантирана минимална помош и остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со член 42 од Законот за социјална заштита и за старите лица согласно член 7 од Законот за социјална сигурност на стари лица не им следува потврда – ваучер од овој оглас.
Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.
Барање за доделување на потврда – ваучер
2.1 Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата од точка 1 од овој јавен оглас кои ќе поднесат електронска апликација за доделување на потврда – ваучер преку веб страницата www.aplikanti.energy.gov.mk
За домаќинство во кое живее едно или повеќе лица корисници на надоместок заради попреченост како и за домаќинство во кое живее едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток до 26 години, се пополнува барање во електронска форма кое содржи задолжителни податоци, по што се избира Таргет група односно категоријата за која барателот го поднесува своето барање.
За начинот на аплицирање барателите можат да го превземат Упатството за начинот на аплицирање од веб страната на министерството: www.energy.gov.mk
2.2 Со барањето за доделување потврда – ваучер барателот, домаќинство во кое живее едно или повеќе лица корисници на надоместок заради попреченост и домаќинство во кое живее едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток до 26 години се прикачуваат следните документи:
Постапка за доделување на потврда – ваучер
3.1 Барањето за искористување на финансиска поддршка заедно со потребната документација, барателите домаќинство во кое живее едно или повеќе лица корисници на надоместок заради попреченост и домаќинство во кое живее едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток до 26 години ги доставуваат во електронска форма преку вебстраницата www.aplikanti.energy.gov.mk;
3.2 Подносителите на барање треба во барањето да го назначат името и презимето на лицата на кои гласи решението за корисник на посебен надоместок согласно закон. Истите треба да достават уредно и комплетно барање со сите потребни документи. Доколку поднесеното барање е неуредно и некомплетно, Комисијата, согласно член 39, став 3 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015 и 65/2018) ќе се обрати до барателот и ќе бара во рок од 8 дена уредување и дополнување на барањето.
Едно лице може да поднесе само едно барање за потврда – ваучер на домаќинството.
НАПОМЕНА: Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини по службена должност преку Министерството за социјална политика демографија и млади ќе изврши проверка по однос на стекнатите права за социјална заштита во домаќинствата на барателите, а преку Управата за јавни приходи ќе изврши проверка на остварен вкупен нето доход кој подлежи на оданочување согласно Законот за данок на личен доход на членовите на домаќинството во 2025 година.
Начин на остварување на правото
4.1 За спроведување на активностите за реализација на потврдата – ваучер од програмата, министерот формира две комисиии составени од по три члена и нивни заменици од редот на вработените во Министерството.
4.2 Комисиите ги разгледуваат пристигнатите барања поднесени заклучно со последниот ден на времетраење на јавниот оглас, заедно со потребната документација и го утврдуваат точниот број на пристигнати уредни и комплетни барања. Согласно потишаниот меморандум за соработка, комисиите ќе побараат од Министерството за социјална политика, дали членот или членовите на домаќинството се корисници на посебен надоместок заради попреченост согласно член 44 од Законот за социјалната заштита.
4.3 Лицата кои имаат поднесено барање, а немаат уредна и комплетна документација или на барање на Комисиите во предвидениот рок не ја доуредат или комплетираат поднесената документација нема да се стекнат со потврда – ваучер.
4.4 Комисиите за лицата кои имаат поднесено уредна и комплетна документација, му предлагаат на министерот за енергетика, рударство и минерални суровини да донесе решение за стекнување потврда – ваучер.
4.5 Списокот со лица кои се стекнале со потврда – ваучер согласно програмата, се објавува на веб страната на Министерството, а донесените решенија во електронска форма се доставуваат до подносителите по електронски пат.
4.6 Списокот со лица кои не се стекнале со потврда – ваучер согласно програмата се објавува на веб страната на Министерството, а донесените решенија по електронски пат.