001На 28.05.2025 година, во ДХО "Даре Џамбаз" во организација на Мобилност Македонија и ЗЕТА, се одржа работна средба помеѓу пратениците, Ангелина Петкова, Мерлие Салиу и Сашко Јанчев, членови на ИППГ за правата на лицата со инвалидност, со претставниците на лицата со инвалидност, Бранимир Јовановски, претседател на Мобилност Македонија, Гораст Велковски, секретар, Елена Кочовска и Јулијана Климоска претставбици од здружението ЗЕТА, Гоце Миновски, претседател на Мобилност Скопје, Дејан Ѓорѓиевски, секретар, и членовите Христина Просковска, Горан Спасов, и Дејан Петанчевски.

На средбата, по кусото претставување и запознавање на учесниците, беа дискутирани повеќе теми од интерес на лицата со инвалидност, особено на лицата со телесен инвалидитет, но акцент беше ставен на градење на консензус помеѓу парламентарните партии во Собранието на РСМ за прашања кои се однесуваат за подобрување на правата и положбата на лицата со инвалидност, носење нарешенија и легислатива која нуди еднакви можности за сите и целосна инклузија во сите пори на општеството на лицата со инвалидност согласно ратификуваната Конвенција на ООН за правата на лицата со инвалидност и Агендата 2030, како и можноста за понепосредна и поинтензивна комуникација помеѓу пратениците од ИППГ за правата на лицата со инвалидност и претставниците на инвалидските организации кога како точки на дневен ред во Собрабието се ставени измени и дополненија на Закони, или носење на нови Закони чии одредби се однесуваат на лицата со инвалидност, потоа апел за зголемување на социјалните надоместоци, особено на надоместокот за попреченост и посебниот додаток, а беа дискутирани и други теми, особено за финансирањето на националните инвалидски организации, нивните здруженија и НСИОМ како кровна организација.

001.jpg 002.jpg 003.jpg

004.jpg 005.jpg