003На 07-08.10.2023 година, во хотелот "Галеб" во Струга, се одржа 29. Републички квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
По претходно одржаните квалификациски натпревари на 14.09.2023 во здружените членки на сојузот, тринаесет здруженија пријавија учество на овој прекрасен настан кој изобилуваше со многу знаење, самодоверба и снаодливост од страна на сите учесници.
По одржаните четири четвртфинални квиз натпревари во саботата, 8 екипи изборија пласман во полуфиналните борби, за да на крај четирите најдобри екипи (првопласираните две од секоја полуфинална група) се пласираат во големото финале.
По исклучително занимлива и динамична игра во која натпреварувачите постојано се ротираа во пласманот во борбата за првото и третото место, на крај се случи одговорот на последното прашање го одлучи победникот.
И тогаш, натпреварувачите од Мобилност Куманово: Страшко Коцевски, Небојша Ташиќ и Драги Стефановски покажаа најголема снаодливост, најнапред успевајќи да се пријават за одговор по пат на брзи прсти како втора екипа, а потоа откако Мобилност Велес понуди неточен одговор на прашањето, тие да се стекнат со право на одговор, одговорија точно и со вкупно 97 поени го освоија првото место и титулата "Шампион на знаење за 2023 година".
На второто место се пласираше екипата на Мобилност Кочани со освоени 93 поени, додека третото место го освои екипата на Мобилност Велес со 43 поени. Мобилност Битола се пласираше на четвртото место со 42 поени, само еден помалку од доволните за трето место, што потврдува каква борба се водеше се до крајот на натпреварот за освојување на едно од одличјата.
Прекрасна организација на настанот, благодарение на средствата за финансирање на програмските активности за 2023 година добиени преку Министерството за труд и социјална политика.
001.jpg 002.jpg 003.jpg

004.jpg 005.jpg 006.jpg

007.jpg 008.jpg 009.jpg

010.jpg 011.jpg 012.jpg

013.jpg 014.jpg 015.jpg

016.jpg 017.jpg 018.jpg

019.jpg 020.jpg 021.jpg