1 21Драги пријатели,членови на сите македонски здруженија на лица со телесен инвалидитет,искрено се надеваме дека оваа наша 18 годишна Тортијада ви остави сладок вкус во устата, а ние струмичани ви испракаме прегратки и бакнежи надевајки дека тој сладок вкус ке ве држи се до следната Тортијада! Полнолетството на оваа Тортијада не е мала и неважна работа,пријателството и љубовта што овде се раѓаат мора и тоа како да продолжат за во иднина.Затоа пред нас организаторите претстои Духовна задача која што ке го полни со насмевки и радост нашето битие,зашто самата љубов кај лицата со посебни потреби е вистинска Револуција во нивните срца! Имам потреба да дадам еден краток осврт околу Лицата со посебни потреби зашто нашето животно искуство е на еден начин етична револуција во која АКО ПОБЕДУВАМЕ не не очекува сигурно пат послансо ружи,туку понатамошна смртна борба помегу минатото,сегашноста и иднината!Како личност,човекот со телесен инвалидитет како и секоја нормална личност поседува слободна волја,а пак таа негова волја не се изразува на создавањето нешто ново од ништо што воопшто не било,туку тој самиот треба да предизвика кај себе ВОЛЈА НА ТВОРЕШТВО која би избила од него самиот и би се совпаднала или самата во исто време би се корегирала преку моќта и волјата на Самиот Космос,којшто е,да потсетиме од збор и љубов створен да битисува ,па Кој и да бил Створителот тоа е сеедно.

Оваа наша 18-та тортијада како и претходните седумнаесет, изобилуваше со прекрасни креации изработени од вештите раце на нашите членови. Изработените торти не само што беа секоја на свој начин убава и вкусна туку секоја од нив имаше и своја порака. Нашите членови се потрудија да преку изработената торта упатат апел, испратат порака...онаму каде што мислат дека е потребна. Сите заедно, со оваа манифестација на останатите луге во општеството им праќаме порака дека со малку подарена помош и многу љубов И НИЕ МОЖЕМЕ како да твориме, така и ДА ПРИДОНЕСУВАМЕ за самите нас и за нашето општество.

И како за крај, да ги спомнам креациите кои беа наградени. Убедливо најдобра изработка и прво наградена беше тортата “машина за шиење СИНГЕР” на Мобилност Штип, како второ наградена беше тортата на Мобилност Битола и како третонаградена беше тортата на Мобилност Кочани. Учесниците за својот вложен труд добија парични награди, шест илјади денари за прво место, две илјади за второ место и илјада денари за трето место. Покрај паричните награди за првите три торти, имаше и подароци за останатите учесници кои беа обезбедени од нашиот спонзор БИО ФАРМАСИ- Скопје и ПАЛМА ГИФТ –Струмица.

Драги пријатели останете ми во добро здравје и расположение се до следната наша слатка манифестација ТОРТИЈАДА, која се надевам дека ке изобилува со уште повкусни и поинтересни креации, а пред се ќе имат  добри пораки изработките на нашите вешти жени.

1_1.jpg 1_10.jpg 1_11.jpg

1_12.jpg 1_13.jpg 1_14.jpg

1_15.jpg 1_16.jpg 1_17.jpg

1_18.jpg 1_19.jpg 1_2.jpg

1_20.jpg 1_21.jpg 1_22.jpg

1_23.jpg 1_24.jpg 1_25.jpg

1_3.jpg 1_4.jpg 1_5.jpg

1_6.jpg 1_7.jpg 1_8.jpg

1_9.jpg