slika 6На 14 и 15.09.2013 година во хотел „Галеб“ во Струга, во организација на Мобилност Македонија беше одржано 25-то државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија.

На првенството учествуваа 20 натпреварувачи од кои 10 директно пласирани од минатогодишното првенство. Натпреварот се одржа по Швајцарски систем во 7 кола каде редоследот се одредуваше врз основа на број на освоени поени, а во случај на еднаков број на поени, повисокиот пласман се пресметуваше најнапред врз основа на прогрес, па потоа Бухолц, број на победи и тн.

И оваа година натпреварот беше спроведен со компјутерски програм за составување на парови и одредување на пласман, судии на натпреврот беа Драган Дојчиноски и Бранимир Јовановски, а во случај на конфликтна ситуација конечен збор согласно одлуката на самите играчи имаше Јанчо Ѓорѓевски.

Во исклучително фер и коректна борба, првото место го освои Горан Војновски од Кочани со освоени 6 поени, колку што освои и второпласираниот Јанчо Ѓорѓевски од Куманово кој имаше послаб прогрес, додека третото место му припадна на Атли Горенца од Дебар со освоени 5 поени.

Табела на конечен пласман:

Пласман

Име и презиме

Мобилност

Поени

Прогрес

Бухолц

Победи

$11.       

Горан Војновски

Кочани

6

25,0

29,5

6

$12.       

Јанчо Ѓорѓевски

Куманово

6

21,0

30,5

6

$13.       

Атли Горенца

Дебар

5

21,0

27,5

5

$14.       

Тоде Арсов

Штип

4,5

22,0

28,0

4

$15.       

Љупчо Филипов

Кочани

4,5

21,0

32,5

4

$16.       

Адем Неби

Скопје

4,5

19,5

27,5

4

$17.       

Мирослав Бучевски

Скопје

4

18,0

27,0

4

$18.       

Слободан Димоски

Прилеп

4

16,0

30,0

4

$19.       

Живко Станковски

Крива Паланка

4

15,0

26,0

4

$110.   

Билал Биберовиќ

Велес

4

13,0

17,0

4

$111.   

Даниел Нунески

Охрид

3,5

12,5

25,0

3

$112.   

Буран Бала

Дебар

3,5

12,5

23,0

3

$113.   

Благој Петровски

Велес

3

16,0

26,0

3

$114.   

Васил Коцев

Скопје

3

11,0

19,0

3

$115.   

Васко Стефановски

Битола

3

10,0

21,5

3

$116.   

Горјан Свеќанцоски

Прилеп

2,5

10,5

23,0

2

$117.   

Венко Голабоски

Охрид

2

9,0

20,0

2

$118.   

Баки Османи

Дебар

2

5,0

20,0

2

$119.   

Тодорче Гиновски

Велес

1

2,0

19,5

1

$120.   

Иле Панзов

Свети Николе

0

0,0

17,5

0

Првопласираните 10 натпреварувачи директно се пласираа за следното 26-то државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија, додека последните 5 натпреварувачи немаат право да учествуваат на следното првенство. За првопласираните 3 натпреварувачи беа обезбедени медали кои им ги додели претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски.

slika_1.jpg slika_10.jpg slika_11.jpg

slika_12.jpg slika_13.jpg slika_14.jpg

slika_15.jpg slika_16.jpg slika_17.jpg

slika_18.jpg slika_19.jpg slika_2.jpg

slika_20.jpg slika_21.jpg slika_22.jpg

slika_23.jpg slika_24.jpg slika_3.jpg

slika_4.jpg slika_5.jpg slika_6.jpg

slika_7.jpg slika_8.jpg slika_9.jpg